Реализирани проекти
Маркетинг и ООП
Вози право, вози здраво
Вози право, вози здраво

Проектот #ВозиПравоВозиЗдраво започна во 2015та година кога Банката за првпат организираше ревијална трка на велосипеди, тротинети, ролерки и бебе колички низ празните сообраќајници во Скопје.
На крај на трката Банката организираше и забава во градскиот парк која беше проследена и со голема и вредна лотарија.
Кампањата и пораките за промоција на велосипедизмот кои претходеа и следеа по настанот, видеата, фотографиите и бројните споделувања на социјални мрежи го постигнаа својот ефект па настаните продолжија да се одвиваат секоја година со исклучок на 2020та и 2021та година поради пандемијата со корона вирусот.
Како општествено одговорна компанија, Стопанска банка АД - Скопје покрај континуираната кампања и годишните настани за Град Скопје донираше: првиот детски велодром во Паркот Македонија, потоа 14 станици за поправка на велосипеди, 300 паркинг места за велосипеди на повеќе урбани локации, го поддржа првиот pumptrack полигон и го изгради вториот pumptrack полигон во Скопје, постави во сите скопски средни училишта и на Медицински факултет во Скопје големи паркинзи за велосипеди и неодамна го отвори и вториот СТБ детски велодром во паркот Сарај.
Донациите придонесуваат во развој на урбана опрема во поддршка на велосипедизмот како превозно средство, не само како средство за спорт и рекреација.
Благодарение на успехот на #ВПВЗ Стопанска банка АД - Скопје креираше инспиративна кампања за прослава на 75 годишнината од постоењето под насловот Вози од срце.
Повеќе информации за изданијата на Вози право, вози здраво можете да најдете на линковите кои следуваат:
2025 Вози право, вози здраво vol. 9
2024 Вози право, вози здраво vol. 8
2023 Вози право, вози здраво vol. 7
2022 Вози право, вози здраво vol. 6
2019 Вози право, вози здраво vol. 5
2018 Вози право, вози здраво vol. 4
2017 Вози право, вози здраво vol. 3
2016 Вози право, вози здраво vol. 2
2015 Вози право, вози здраво vol. 1
Историски преглед
Историски преглед
2025
Продолжување на проектот „Зелен ѕид“ со засадување на нови високи, зрели садници дрва во Град Скопје
Преку Стопанска лизинг, главен Спонзор на „Стопанска Триоџи Триатлон“ 2025
Спонзорство на Струмички карневал
Донација на нови големи паркинзи за велосипеди на Клинички центар (Деканат + Читална)
Пријатели на Охридско лето
Пријатели на Галичка свадба и Галицко фестивал
За победникот на националниот Microsoft Office Specialist натпревар во 2025 година Банката ги обезбеди средствата за патувањето на победникот и менторот на светското првенство во САД
Донација на Медицински факултет - Професионален микроскоп и видео опрема за конзилијарна канцеларија
Годишно спонзорство за Економскиот факултет, Скопје
Донации од проектот „Сонуваме.Менуваме“ vol. 7
Директна финансиска донација за над 200 семејства на засегнати од трагедијата во Кочани
Најавена донација за Кочани, детски велодром и парк од ВПВЗ vol.9
Спортски игри, Велес
Реконструкција на Студентска менза во студентски дом “Гоце Делчев“
Покровители на 46тото издание на МФФК „Браќа Манаки“
Покровители на наградата млади квантитативни умови „Славица Тодоровска - Цаци“ во организација на ЗМАИ
Покровители на Фестивалот во Кавадарци „Тиквешки гроздобер“
2024
Продолжување на проектот „Зелен ѕид“ со засадување на нови 300 високи, зрели садници дрва во Град Скопје
Преку Стопанска лизинг, главен Спонзор на „Стопанска Триоџи Триатлон“ 2024
Спонзорство на Струмички карневал
Донација на нов урбан сквер за жителите на Општина Центар
Донација на нови 8 големи паркинзи за велосипеди во средните училишта во Скопје
Покровители на Охридско лето и Галичка свадба
За победникот на националниот Microsoft Office Specialist натпревар во 2024 година Банката ги обезбеди средствата за патувањето на победникот и туторот на светското првенство во САД
Донација на Медицински факултет - Скенер за Институт на Патологија и Читална за студенти
Донација на карпа за качување преку Македонски Олимписки Комитет
Обновено годишното спонзорство на Национална Опера и Балет
Комплетно опремување на 3 протипожарни станици со индивидуална опрема за шумски пожари преку Центар за управување со кризи
Обновено спонзорство за Економскиот факултет, Скопје
Донации од проектот „Сонуваме.Менуваме“ vol. 6
Пуштен во употреба вториот СТБ Детски велодром, овојпат во парк Сарај
Покровители на наградата млади квантитативни умови „Славица Тодоровска - Цаци“ во организација на ЗМАИ
2023
Продолжување на проектот „Зелен ѕид“ со засадување на повеќе од 500 високи, зрели садници дрва во Град Скопје
Преку Стопанска лизинг, главен Спонзор на „Стопанска Триоџи Триатлон“ 2023
Донација на медицинска опрема за Институтот за спортска медицина, Скопје
Спонзор на Македонски олимписки комитет (МОК)
Спонзорство на Струмички карневал
За националниот Microsoft Office Specialist натпревар Банката ги обезбеди средствата за патувањето на победникот и туторот на светското првенство во САД
Спонзорство за Економскиот факултет, Скопје
Донација на 10 големи паркинзи за велосипеди во средните училишта во Скопје
Покровители на Охридско лето и Галичка свадба
Донација на специјална опрема за неонатален оддел во ГАК „Мајка Тереза“ - Чаир и Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство
Покровителство на Националната опера и балет за набавка и воспоставување на дигитална продажба на билети
2022
Спонзор на Македонски олимписки комитет (МОК) за 2022 година
Спонзорство на Струмички карневал 2022
Националниот Microsoft Office Specialist натпревар повторно се одржа во i-bank store и Банката ги обезбеди средствата за патувањето на победникот и туторот на светското првенство во САД
Спонзорство за користење на специјален софтвер за потребите на Економскиот факултет, Скопје во 2022 година
Покровители на Охридско лето и Галичка свадба 2022
Вредни спортски донации преку ваучерите издадени од Агенција за спорт и млади
Донација на медицинска опрема за Градската болница „8ми Септември“
Иницијација на проектот „Зелен ѕид“ со засадување на повеќе од 350 високи, зрели садници дрва во Град Скопје
Покровител на најзначајните економски форуми во земјата во поддршка на промоција на бизнис заедницата и Спонзор на Стопанска комора на Северна Македонија
Преку Вози право, вози здраво - донација на 15 масовни паркинзи за велосипеди во средните училишта во Град Скопје
Засадени 70 елки кои беа набавени за новогодишна декорација на филијалите и потоа засадени во локалните заедници
Главен Спонзор на „Стопанска Триоџи Триатлон“
2021
Донација на специјални фрижидери за вакцини против covid-19 пред почетокот на масовната вакцинација во земјата
Донација за опремување на новиот национален центар за итна помош 112
Донација на медицинска опрема за Клиниката “Св. Климент Охридски“ во Скопје
Обезбедена храна за екипите кои се справуваа со пожарите во источниот регион
Спонзорство на Охридско лето и на Галичка свадба 2021
Спонзорство за набавка на специјален софтвер за Економски факултет Скопје за одржување на настава во услови на COVID-19
Вредни спортски донации преку ваучерите издадени од Агенција за спорт и млади
Засадени 70 елки кои беа набавени за новогодишна декорација на филијалите и потоа засадени во локалните заедници
2020
Донации во вредност од 150.000евра во здравствениот систем поради подобрување на условите за справување со пандемијата од COVID-19
комплетна единица респиратор
подвижен рентген апарат
снабдување на 7 клиники низ Републиката со маски, ракавици и визири
Донација кон Црвен Крст за набавка на инкубатори за Детска клиника
Донација на дополнителни 7 станици за поправка на велосипеди во Скопје (Велоштад), Битола, Тетово, Струмица, Прилеп, Кавадарци и Охрид
Комплетирана изградба на велодром TOPSI pumptrack во градскиот парк во Скопје со дополнително уредување на просторот околу патеката, донација од претходните настани #ВозиПравоВозиЗдраво
Санација и реконструкција на инклузивно игралиште во Општина Крушево
2019
Донации од проектот „Сонуваме.Менуваме“
Донација на специјализиран кардиолошки ехо апарат Philips за Универзитетска болница за детски болести, како дел од одбележувањето на 75 годишнината на Банката и проектот #ВозиОдСрце
Донација на ехо апарат за Градска болница „Св. Петар и Павле“
Покровител на четврто издание на националниот Microsoft Office Specialist натпревар - натпреварот се одржа во i-bank store и Банката ги покрива трошоците за патувањето на победникот и туторот на светското првенство во САД
Струмички карневал
Охридско лето
Д-фестивал
Партнер на Економски факултет - Скопје
Реконструкција и санација на првиот детски велодром од #ВозиПравоВозиЗдраво
Засадени 70 елки кои беа набавени за новогодишна декорација на филијалите и потоа засадени во локалните заедници
2018
Покровители на Струмички карневал
Покровители на Охридско лето
Покровители на Д-фестивал
Трето издание на националниот Microsoft Office Specialist натпревар - натпреварот се одржа во i-bank store и Банката ги покрива трошоците за патувањето на победникот и туторот на светското првенство во САД
Реконструкција и уредување на модерна читална во библиотека „Другарче“
Партнер на Економски факултет - Скопје
Покровител на „Роман на годината“ 2018
Донација на 105 урбани паркинзи и први 5 станици за поправка на велосипеди
2017
Проектот „Мудрости. Радости“ - 10.000 примероци од нова сликовница „Книгата што никогаш не беше иста“ достапни бесплатно за децата од Македонија
Струмички карневал
Охридско лето
Д-фестивал
Второ издание на националниот Microsoft Office Specialist натпревар - натпреварот се одржа во i-bank store и Банката ги покрива трошоците за патувањето на победникот и туторот на светското првенство во САД
Партнер на Економски факултет - Скопје
Покровител на „Роман на годината“ 2017
2016
изградба на првиот детски велодром во Скопје #ВозиПравоВозиЗдраво
Прво издание на националниот Microsoft Office Specialist натпревар - натпреварот се одржа во i-bank store и Банката ги покрива трошоците за патувањето на победникот и туторот на светското првенство во САД
