Прескокни до содржина
18/20 депозит

Орочени депозити

18/20 депозит

За производот

Карактеристики

  • Орочен депозит на 18 месеци со приход од камата за 20 месеци

  • Клиентот има можност при орочувањето да избере:

    • Депозит СО капитализација и месечен припис на пресметаната каматата кон основниот влог што овозможува добивање на повисок износ на камата или

    • Депозит БЕЗ капитализација на каматата – овозможува располагање со пресметаната камата месечно

  • Физички лица резиденти и нерезиденти

  • Период на орочување 18 месеци

  • Валута МКД и ЕУР

  • Минимален износ на вложување

    • ЕУР - 200

    • МКД - 12,000

  • Начин на исплата на камата: месечна или на крај на период

Придобивки

  • БОНУС КАМАТА за два месеци дополнително

  • Гарантирани каматни стапки за периодот на орочување на депозитот

  • Сигурна и стабилна банка, банка од доверба

  • Увид во состојбата преку алтернативни канали

Овластување

  • Сопственикот на влогот може да овласти друго полнолетно лице за располагање со влогот. Овластување може да се издаде во моментот на орочување на депозитот или дополнително во било кој период.

Политика на преорочување и разорочување

Во моментот на склучување договорот клиентот се изјаснува за:

  • Преорочување на главницата (за депозити БЕЗ капитализација)

  • Преорочување на главницата и каматата (за депозити СО капитализација)

  • Преорочување се врши под услови валидни на денот на преорочување. Клиентот може да располага со средствата во секое време во согласност со политиката за предвремено повлекување на депозитот

  • Депонентот може да го раскине договорот и пред истекот на рокот на орочување при што СБ пресметува и исплаќа камата по видување за периодот од моментот на орочување односно преорочување до моментот на предвременото раскинување на договорот