Прескокни до содржина
Mastercard Platinum

Кредитни картички

Mastercard Platinum

За производот

Промотивно 4,9% каматна стапка до крајот на годината за сите апликации примени до 30.09.2026
  • Премиум кредитна картичка која нуди ексклузивност и престиж со пристап до многубројни поволности и привилегии при патување

  • Меѓународна бесконтактна кредитна картичка поврзана со денарска сметка

  • Бесплатенпристап до над 1.800 аеродромски деловни зони(Lounge Key)

    • 6 бесплатни посети на деловни зони годишно за себе и своите сопатници.

    • Секоја дополнителна посета над 6-тата (по сметка) ќе биде наплатена 28 евра по посета, директно од сметката поврзана со картичката.

    • Доколку имате дополнителна картичка, бесплатните влезови се трошат заеднички. Секој влез со било која од основна или дополнителна картичка се одзема од вкупниот број на дозволени бесплатни влезови на вашата сметка.

  • Mastercard Travel Rewards (MTR)

    • Искористете ексклузивен cashback при купување кај избрани меѓународни брендови за луксузни производи

  • Можност за трансакции до36 рати без камата

  • Можност за подигнување на готовина без провизија секој последен викенд во месецот за време на промо КЕШ викендот

  • Месечна отплата на 3% од вкупниот долг

  • Бескаматен грејс период од 50 дена при целосно подмирување на долгот (за трансакциите направени во трговската мрежа)

  • Максимален кредитен лимит од 600.000 денари, во зависност од примањата на клиентот

  • Брза и едноставна процедура за аплицирање во филијалите на СБ, на 24/7 телефон 15-110

  • Бесплатно патничко осигурување со покритие од 20 дена со важност од 365 дена

  • Можност за додавање на картичката во Google Wallet  и Apple Wallet

  • Kартичката е специјално дизајнирана платежна картичка со тактилни засеци за да им помогне на корисниците да ги идентификуваат и разликуваат своите картички

    • Кредитна картичка: Аголен засек

  • Картичката е изработена од 100% рециклиран PVC.

Употреба

  • Плаќање во трговската мрежа без провизија

  • Следење и управување со сметката преку сервисот за електронско банкарство на СБ

  • Подигнување на готовина од банкомати и шалтери по најповолни услови

  • Овозможена за користење во државата и во странство

  • Максимална возраст за активно користење на кредитниот лимит на картичката е 75 години

Лимити

  • Максимален износ по трансакција во трговија во државата и странство во износ од 250.000 денари

  • Месечен трансакциски лимит за безготовински платежни трансакции во трговската мрежа на ПОС терминали во износ од 600.000 денари

  • Дневен лимит за подигнување на готовина од банкомати во износ од 30.000 денари во државата и во странство

  • Можност за поставување и управување со трансакциски лимити и блокирање/деблокирање на платежни картички преку e-banking/m-banking на Стопанска банка

  • За зголемување на лимитите над препорачаните треба да се обратите во контакт центарот на 02/3100-109

Преземете ја апликацијата LoungeKey за да ви помогне побрзо да ги пронајдете деловните зони. Можете да ја преземете апликацијата од App Store или преку Google Play.

Најчесто поставувани прашања

Како можам да пристапан до деловните зони на аеродром?

Постојат два начина за пристап до салоните. Прво, можете едноставно да ја покажете вашата Mastercard Platinum картичка на персоналот во салонот. Или алтернативно, можете да го покажете вашиот дигитален код за пристап до салонот, достапен откако ќе се регистрирате на веб-страницата или на мобилната апликацијата "LongueKey".

Може ли да пристапам до деловните зони без да се регистрирам на LoungeKey?

Да. Можете да пристапите до деловните зони на аеродром едноставно со тоа што ќе ја покажете вашата платежна картичка Mastercard Platinum на персоналот во салонот, некои салони може да ви побараат да го приложите и вашиот билет за лет.

Ги сикористив моите бесплатни влезови во деловните зони на аеродром, дали ќе добијам нови?

Да, доколку сте ги искористиле своите бесплатни влезови тие ќе бидат обновени во новата календарска година. Доколку го надмините бројот на бесплатни влезови, секој влез ќе ви биде наплатен од вашата сметка.

Дали сопатник може да пристапи со мене во деловните зони?

Да, со вас може да пристапат и гости, со што Вашиот број на преостанати бесплатни пристапи во деловните зони соодветно ќе се намали.

Имам дополнителна картичка. Дали можам со неа да пристапам до деловна зона на аеродром?

Да, можете да пристапите до деловните зони со вашата дополнителна Mastercard Platinum картичка со што бесплатните влезови се трошат заеднички. Секој влез со било која од основна или дополнителна картичка се одзема од вкупниот број на дозволени бесплатни влезови на вашата сметка.

Зошто не можам да најдам деловна зона на мојот аеродром?

Не сите аеродроми имаат деловна зона. Ве молиме користете ја веб-страницата или мобилната апликација "LoungeKey" за да пребарувате и да пронајдете деловна зона, доколку има на вашата локација.

Одбиен ми е пристап до деловна зона бидејќи системот на салонот не ја препознава мојата Mastercard Platinum картичка. Зошто?

Ова може да ви се случи доколку се обидувате да влезете во деловна зона која не е во програмата на LongueKey, осигурајте се преку апликацијата или веб-страницата на LoungeKey дека салонот во кој сакате да пристапите е дел од програмата.

Колку долго можам да останам во деловната зона?

Секој салон има свои политики во врска со должината на престојот. Ве молиме проверете ги информациите за салонот на веб-страницата или апликацијата "LoungeKey" за да ги потврдите политиките и условите на секој поединечен салон.