Прескокни до содржина
e-banking

Дигитално банкарство

e-banking

Предности и функционалности

Е-banking сервисот на Стопанска банка ви овозможува од дома, од канцеларија или од било кое место со пристап до интернет, да извршите увид во состојбите и извештаите за вашите сметки и вашите кредитни и депозитни производи во Банката или да извршувате трансакции од вашите сметки. За да пристапите на сервисот користете го копчето Е-најава позиционирано десно на врвот на екранот, додека за негово користење потребно е да имате активиран м-токен кој е интегриран во мобилната апликација на Банката.

ПРЕДНОСТИ
  • Удобност и флексибилност со користење на различен уред (таблет, компјутер или лаптоп со интернет)

  • Директен пристап преку линк, без посебна апликација

  • Пониски провизии од шалтерските

  • Едно корисничко име за пристап до сите сметки на кој сте овластени

ФУНКЦИОНАЛНОСТИ

  • Увид во состојбата на вашите сметки

  • Листа со трансакции со напредно пребарување

  • Детали за депозитни и кредитни производи (амортизациони планови, листи на уплати, каматни стапки и сл.)

  • Плаќања

    • Интерни плаќања кон сметки во СБ

    • Интербанкарски плаќања кон сметки во друга банка

    • Кон буџетски корисник

    • Збирен налог (плата, плаќање на данко, кирија и сл.)

    • Менувачница

    • Девизни плаќања, дознаки во странство

    • Режиски трошоци

    • Дополнителна уплата на депозит во СБ

    • Отплата на рата за кредити и кредитни картички во СБ

    • 24/7 трансфери кон интерни сметки на физички лица

  • Ажурирање на клиентски податоци

  • Апликација за дебитна картичка (Mastercard Debit, TOPSI MasterCard, VISA Internet) преку e-banking

  • Подесување на I-bank лимити на сметка (по трансакција, месечен)

  • Евидентирање на траен налог за орочени депозити од видот Штеден план или Пчелка

  • Управување со трансакциски лимити за користење на платежната картичка во земјата и странство

  • Блокирање/Деблокирање на картичка

  • Распределба на девизни приливи

  • Можност за отварање на орочен депозит 12/13 и 18/20

  • Регистрација на налози со иден датум (одложени плаќања)

  • Можност за повторна употреба на веќе реализиран налог за креирање ново плаќање

  • Можност за креирање на шаблон