Mastercard Platinum
За производот
Премиум дебитна картичка која нуди ексклузивност и престиж со пристап до многубројни поволности и привилегии при патување
Меѓународна бесконтактна дебитна картичка поврзана со денарска сметка
Бесплатен пристап до над 1.800 аеродромски деловни зони (Lounge Key)
12 бесплатни посети на деловни зони годишно за себе и своите сопатници.
Секоја дополнителна посета над 12-тата (по сметка) ќе биде наплатена 28 евра по посета, директно од сметката поврзана со картичката.
Доколку имате дополнителна картичка, бесплатните влезови се трошат заеднички. Секој влез со било која од основна или дополнителна картичка се одзема од вкупниот број на дозволени бесплатни влезови на вашата сметка.
Mastercard Travel Rewards (MTR)
Искористете ексклузивен cashback при купување кај избрани меѓународни брендови за луксузни производи
Без провизија за плаќање во трговската мрежа
3D-Secure стандард за БЕЗБЕДНИ купувања преку интернет
Без провизија за подигнување и депонирање на готовина кај банкомати во мрежата на Стопанска банка
Можност за додавање на картичката во Google Wallet и Apple Wallet преку мобилната апликација на СБ
Бесплатно патничко осигурување за СБ ексклузив клиенти
Kартичката е специјално дизајнирана платежна картичка со тактилни засеци за да им помогне на корисниците да ги идентификуваат и разликуваат своите картички
Дебитна картичка: Заоблен засек
Картичката е изработена од 100% рециклиран PVC.
Употреба
Плаќање во трговската мрежа и подигнување на готовина од банкомати и шалтери
Следење и управување со сметката преку сервисот за електронско банкарство на СБ
Овозможена за користење во државата и во странство
Овозможена за плаќање преку интернет со највисоко ниво на заштита
Физички полнолетни лица државјани на Република Северна Македонија
Трансакциски лимити:
Максимален износ по трансакција во трговија во државата и странство во износ од 250.000 денари
Кумулативен износ на трансакции во текот на еден месец во трговија во државата и странство во износ од 600.000 денари
Дневен лимит за подигнување на готовина од банкомати во износ од 60.000 денари во државата и во странство
Дневен лимит од 100.000 денари за депонирање на готовина на банкомати на СБ
Можност за поставување и управување со трансакциски лимити и блокирање/деблокирање на платежни картички преку e-banking/m-banking на Стопанска банка
Преземете ја апликацијата LoungeKey за да ви помогне побрзо да ги пронајдете деловните зони. Можете да ја преземете апликацијата од App Store или преку Google Play.
Најчесто поставувани прашања
Како можам да пристапан до деловните зони на аеродром?
Постојат два начина за пристап до салоните. Прво, можете едноставно да ја покажете вашата Mastercard Platinum картичка на персоналот во салонот. Или алтернативно, можете да го покажете вашиот дигитален код за пристап до салонот, достапен откако ќе се регистрирате на веб-страницата или на мобилната апликацијата "LongueKey".
Може ли да пристапам до деловните зони без да се регистрирам на LoungeKey?
Да. Можете да пристапите до деловните зони на аеродром едноставно со тоа што ќе ја покажете вашата платежна картичка Mastercard Platinum на персоналот во салонот, некои салони може да ви побараат да го приложите и вашиот билет за лет.
Ги сикористив моите бесплатни влезови во деловните зони на аеродром, дали ќе добијам нови?
Да, доколку сте ги искористиле своите бесплатни влезови тие ќе бидат обновени во новата календарска година. Доколку го надмините бројот на бесплатни влезови, секој влез ќе ви биде наплатен од вашата сметка.
Дали сопатник може да пристапи со мене во деловните зони?
Да, со вас може да пристапат и гости, со што Вашиот број на преостанати бесплатни пристапи во деловните зони соодветно ќе се намали.
Имам дополнителна картичка. Дали можам со неа да пристапам до деловна зона на аеродром?
Да, можете да пристапите до деловните зони со вашата дополнителна Mastercard Platinum картичка со што бесплатните влезови се трошат заеднички. Секој влез со било која од основна или дополнителна картичка се одзема од вкупниот број на дозволени бесплатни влезови на вашата сметка.
Зошто не можам да најдам деловна зона на мојот аеродром?
Не сите аеродроми имаат деловна зона. Ве молиме користете ја веб-страницата или мобилната апликација "LoungeKey" за да пребарувате и да пронајдете деловна зона, доколку има на вашата локација.
Одбиен ми е пристап до деловна зона бидејќи системот на салонот не ја препознава мојата Mastercard Platinum картичка. Зошто?
Ова може да ви се случи доколку се обидувате да влезете во деловна зона која не е во програмата на LongueKey, осигурајте се преку апликацијата или веб-страницата на LoungeKey дека салонот во кој сакате да пристапите е дел од програмата.
Колку долго можам да останам во деловната зона?
Секој салон има свои политики во врска со должината на престојот. Ве молиме проверете ги информациите за салонот на веб-страницата или апликацијата "LoungeKey" за да ги потврдите политиките и условите на секој поединечен салон.
Членство и провизии
Членство, провизии и други надоместоци
3.600 МКД годишно членство (се наплаќа при издавање)
0 денари членарина (без годишно членство) за дополнителната картичка
Еднократен трошок од 300 МКД за изработка на дополнителна картичка
Без членство за СБ ексклузив клиенти
БЕЗ ПРОВИЗИЈА за подигање на готовина од банкоматите на СБ
За подигање на готовина од банкоматите на други Банки во Р.Северна Македонија денарската сметка се задолжува со провизија од 2% од подигнатиот износ, но не помалку од 70 денари.
За подигање на готовина во странство денарската сметка се задолжува со провизијата од 2.5% мин. 250 МКД од подигнатиот износ.
0 денари членарина (без членство) за дополнителната картичка.
Издавање на нов ПИН изнесува 200 МКД
Трошокот за реиздавање на картичка поради кражба, губење, оштетување или промена на податоци изнесува 350 МКД
Трошокот од 100 МКД при обнова на картичката (трошокот се наплаќа еднаш на 5 години, при изработка на нова картичка)
Безбедност при бесконтактни плаќања
Согласно регулативата за засилена автентикација на клиентот при извршување на бесконтактни платежни трансакции засновани на картичка, задолжителна е автентикација со ПИН код во следните случаи:
- Доколку со картичката се извршени 5 последователни бесконтактни трансакциии на ПОС терминал без ПИН (од моментот на последната трансакција автентицирана со ПИН), следната бесконтактна трансакција мора да биде автентицирана со ПИН од страна на клиентот. Во спротивно, истата ќе биде одбиена,
- Доколку вкупниот кумулиран износ на сите бесконтактни трансакции на ПОС надминува 9.000 денари (од моментот на последната трансакција автентицирана со ПИН), следната бесконтактна трансакција мора да биде автентицирана со ПИН, независно од износот на трансакцијата. Во спротивно, истата ќе биде одбиена,
- Доколку поединечниот износ на бесконтактната платежна трансакција на ПОС терминал надминува 3.000 денари мора да биде автентицирана со ПИН. Во спротивно, истата ќе биде одбиена,
- При плаќање со Google Pay не потребно да се внесе ПИН код на ПОС терминал, но задолжително е мобилниот уред да биде отклучен за да се реализира плаќањето, независно од износот на трансакцијата,
- При плаќање со Apple Pay не е потребно да се внесе ПИН код на ПОС терминал, но задолжително е автентикација со Face ID, Touch ID или лозинка на вашиот уред, независно од износот на трансакцијата.
Документи
- Физички лица државјани на Република Северна Македонија
- Лица над 18 години
- Важечка лична карта или пасош
- Лично потпишано барање за Mastercard Platinum дебитна картичка

