Новости
Соопштенија
Нова донација - Втор СТБ детски велодром
14.11.2024
Стопанска банка продолжува да ја збогатува понудата на урбана велосипедска опрема во Скопје преку својата долгогодишна кампања „Вози право, вози здраво". Деновиве предаден беше во употреба вториот СТБ Детски велодром, изграден во паркот Сарај на површина од 1.500м2.
Како надополнување на спортско-рекреативните содржини во паркот, семействата со помали деца сега ќе можат на безбеден начин да вежбаат возење велосипед во урбани услови. Поставената хоризонтална и вертикална сигнализација им овозможува на децата да учат сообраќајни правила.
Банката оствари соработка со Град Скопје и јавните претпријатија Улици и патишта и Паркови и зеленило за одржливост на донацијата.
Генералната директорка за банкарство на мало Милица Чапаровска Јовановска изјави дека инвестициите во урбаниот велосипедизам имаат долгорочни позитивни ефекти не само на индивидуално ниво туку и за колективот. Таа потврди дека Стопанска банка останува доследна да биде активен член на општеството.
Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска го нарече проектот спортско-рекреативна содржина која ја зголемува понудата за спортските ентузијасти и изрази благодарност до Стопанска банка.
СТБ детскиот велодром е минијатурна урбана сообраќајница која овозможува да вежбаат возење во отсуство на автомобили, на безбеден и едукативен начин. Декорацијата го вклучува зимзелено озеленување и детски играчки.