Прескокни до содржина
ЕвроБонус

Орочени депозити

ЕвроБонус

За производот

Карактеристики

  • Орочен депозит погоден за штедење на краток период и остварување на повисок принос од камата во зависност од висината на влогот.

  • Физички лица резиденти и нерезиденти

  • Период на орочување 3 и 6 месеци

  • Валута ЕУР

  • Минимален износ на вложување 1.000 ЕУР

  • Начин на исплата на камата:

    • Антиципативна - исплата на камата во моментот на орочување на средствата или

    • Декурзивна - исплата на камата по истекот на рокот на орочување

Придобивки

  • Каматни стапки кои прогресивно се зголемуваат во зависност од висината на влогот

  • Атрактивни каматни стапки за повисоки износи на вложување

  • Гарантирани каматни стапки за целиот период на орочување

  • Сигурна и стабилна банка, банка од доверба

  • Увид во состојбата преку i-bank каналите

Овластување

  • Сопственикот на влогот може да овласти друго полнолетно лице за располагање со влогот. Овластување може да се издаде во моментот на орочување на депозитот или дополнително во било кој период.

Политика на преорочување и разорочување

  • Преорочување се врши под услови валидни на денот на преорочување. Клиентот може да располага со средствата во секое време во согласност со политиката за предвремено повлекување на депозитот.

  • Депонентот може да го раскине договорот и пред истекот на рокот на орочување при што СБ пресметува и исплаќа камата по видување за периодот од моментот на орочување односно преорочување до моментот на предвременото раскинување на договорот.