Прескокни до содржина
Мој план

Орочени депозити

Мој план

За производот

Карактеристики

  • Атрактивна понуда со фиксни каматни стапки за целиот период на орочување, кои се движат до 3,50% годишно за рочности од 25 месеци за депозити во денари, и до 2,60% годишно за рочности од 25 месеци за депозити во евра

  • Орочен депозит што овозможува неограничен број и износ на дополнителни вложувања за времетраењето на орочувањето на депозитот, без притоа да се разорочи депозитот или да се продолжи периодот на орочување.

  • Физички лица резиденти и нерезиденти

  • Период на орочување: 13, 25, и 36 месеци

  • Валута ЕУР и МКД

  • Минимален износ на вложување, 100 ЕУР или 6.000 МКД

    • Минималниот износ е ограничен само при отворањето на депозитот, односно првото орочување. За дополнителните вложувања нема ограничување на износот

  • Начин на исплата на камата: месечно или на крај на период

Придобивки

  • Неограничени дополнителни вложувања

  • Гарантирани каматни стапки за целиот период на орочување

  • Сигурна и стабилна банка, банка од доверба

  • Увид и дополнувања на средства преку дигиталните канали

  • Преференцијални каматни стапки за приматели на плата и пензија во СБ

Дополнителни вложувања

  • Можни се неограничени дополнителни вложувања без разорочување на депозитот и без пролонгирање на рокот на достасување на депозитот, при што дополнително вложените средства се додаваат на веќе вложените средства и на вкупниот износ СБ пресметува камата од моментот на вложување на средствата до моментот на достасување на депозитот.

Овластување

  • Сопственикот на влогот може да овласти друго полнолетно лице за располагање со влогот. Овластување може да се издаде во моментот на орочување на депозитот или дополнително во било кој период.

Политика на преорочување и разорочување

  • Депозитот (главницата) по автоматизам се преорочува под услови валидни на денот на преорочување. Клиентот може да располага со средствата во секое време во согласност со политиката за предвремено повлекување на депозитот.

  • Депонентот може да го раскине договорот и пред истекот на рокот на орочување при што СБ пресметува и исплаќа камата по видување за периодот од моментот на орочување односно преорочување до моментот на предвременото раскинување на договорот, додека пак за депозитите со месечна исплата на камата за корегираниот износ на камата се намалува депозитот.