Прескокни до содржина
Донација - Читална на Медицински факултет, Скопје

Новости

Соопштенија

Донација - Читална на Медицински факултет, Скопје

17.06.2025

Стопанска банка официјално предаде модерна читална на Медицинскиот факултет во Скопје. Просторот од 120 квадратни метри е наменет за студенти и специјализанти за дополнителни истражувања во медицината, уреден со модуларен мебел.

Членовите на управниот одбор Диомидис Николетопулос и Бојан Стојаноски ја предадоа читалната во употреба. На отворањето присуствуваа деканот Светозар Антовиќ, професори, доктори и претставници на студентите.

Николетопулос истакна дека „Стопанска банка е насочена кон унапредување на условите во локалната заедница“ и е задоволна да „вложува во професионалната надградба на идните медицински кадри.“

Деканот Антовиќ се заблагодари за донацијата, нагласувајќи дека „студентите добија модерна читална што ќе ја користат генерации студенти“ и дека „Стопанска банка уште еднаш потврди дека е партнер од кој добиваме максимална поддршка.“

Оваа донација е дел од повеќе придонеси поради 80-годишниот јубилеј на Банката. Стопанска банка исто така донираше напреден патохистолошки скенер на Институтот за патологија со вештачка интелигенција за анализирање на медицински примероци.