Новости
Соопштенија
Одобрени нови 11 грантови од „Сонуваме. Менуваме" vol.6
29.12.2024
Со стартот на шестото издание на #СонувамеМенуваме ги објавуваме и одбраните нови 11 грантови кои Банката ќе ги реализира за асоцијации на лица со пречки во развојот како дел од долгогодишната кампања за подигнување на јавната свест за поголема инклузија и подобро општество за сите.
Од пристигнатите 26 барања, специјална комисија во Банката состави избор, оваа година со посебен буџет од 30.000евра, на 11 грантови кои ќе бидат реализирани во следните месеци и со кои значително ќе се подобрат условите за секојдневна дружба, социјализација но и едукација на децата со пречки во развојот ширум Републиката.
Им честитаме на добитниците и им посакуваме среќни новогодишни и божиќни празници на сите.
Здружение за рана стимулација, развој и игра кај деца „Креатива Исток" - Дигитална интерактивна табла за моторни и когнитивни вежби - 3,000.00
Паралелки за ученици со оштетен слух во ООУ „Кузман Јосифовски - Питу, Скопје" - Набавка на Интерактивен панел 32" - 1,414.00
Државен училишен центар „Партеније Зографски" Скопје - Сензорна терапија - 2,000.00
НВО „Имаго Плус" - Набавка на дидактички материјали - 2,000.00
Центар „Балончиња" Битола - Набавка на логопедски апарат - 1,122.00
НВО ПРКОС Скопје - Уредување и пристап на простор - 3,528.00
Здружение „ПРОГРЕС" Куманово - Набавка на различни помошни средства - 3,700.00
ОУ и ресурсен центар „Д-р Златан Сремец" Скопје - Набавка на интерактивен тепих - 5,000.00
„Ластовица" Асоцијација - Дигитална маса - 1,720.00
Здружение „Отворете ги прозорците" Скопје - Асистивни уреди за контрола на компјутер - 3,900.00
Здружение „ВОПС" Охрид - Набавка на инвертер клими - 2,000.00