Прескокни до содржина
Засилена автентикација

Безбедни плаќања со картички

Засилена автентикација

Безбедни интернет плаќања

Засилена автентикација при интернет-плаќања со платежни картички на Стопанска банка

Од 1 март 2026 година стапи во сила законската регулатива со која се воведе засилена автентикација при извршување на интернет (онлајн) плаќања (Strong Customer Authentication – SCA), со која Стопанска банка изврши целосно усогласување. Засилена автентикација при интернет-плаќање со платежните картички на Стопанска банка се извршува користејќи го софтверскиот токен (М-токен) на мобилната апликацијата на Банката. За таа цел Ве информираме дека неопходно е да бидете корисник на М-токен преку м-банкинг апликацијата на вашиот мобилен уред затоа што преку неа ќе се одвива авторизацијата на интернет-плаќањата со Visa/Mastercard платежни картички. Користењето СМС ОТП кодови е исклучено од употреба.

За да продолжите непречено и безбедно да плаќате онлајн со Вашите платежни картички, а сè уште не сте корисник на мобилната апликација на Стопанска банка, Ве охрабруваме да ја преземете од Google Play, App Store или App Gallery и да активирате М-токен. Детални информации и упатства за користењето на мобилната апликација и активација на М-токен можете да најдете во делот за Инсталација и упатства на m-banking на нашата веб-страница, во филијалите на Банката или преку 24/7 Контакт центарот на 02/3100-109.

Засилената автентикација се применува речиси кај сите домашни и интернет-трговци во Европа, додека пак кај интернет-трговци надвор од ЕУ примената е делумна и зависи од безбедносните стандарди што ги користи конкретниот трговец, па затоа кај ваквите трговци (кои не ја подржуваат засилената автентикација) и понатаму потребна е зголемена внимателност при користењето и плаќањето на нивните услуги.

Зошто оваа промена е добра за Вас?

Овој метод, познат како Strong Customer Authentication (SCA), нуди неколку клучни предности:

  • Поголема сигурност и интегритет: Тешко е да се пресретне или да се злоупотреби, потврдувате со биометрија.

  • Брзина и едноставност: Трансакцијата ја одобрувате користејќи го вашиот отпечаток од прст, препознавање лице или личен код М-токен за плаќање.

  • Контрола: Имате целосен увид во деталите на трансакцијата на екранот на Вашиот мобилен уред пред да ја потврдите.

Стопанска банка постојано ги унапредува своите системи за да Ви овозможи највисоко ниво на безбедност при користењето на Вашите платежни картички на интернет.

Вашата безбедност е наш приоритет.

Стопанска банка АД - Скопје

На Ваша страна