Прескокни до содржина
Пчелка - Детско штедење

Орочени депозити

Пчелка - Детско штедење

За производот

Карактеристики

  • Детски орочен депозит на 36 месеци за малолетни лица

  • Физички лица резиденти и нерезиденти

  • Период на орочување 36 месеци

  • Валута МКД и ЕУР

  • Минимален износ на влог е 3.000 МКД, односно 50 ЕУР

    • за дополнителни вложување нема минимален износ

  • Начин на исплата на камата: на крај на период

Придобивки

  • Гарантирани каматни стапки за периодот на орочување на депозитот

  • Можност за неограничено вложување на средства без разорочување на депозитот

  • Депозит со капитализација на пресметаната камата кон влогот

  • Сигурна и стабилна банка, банка од доверба

  • Увид во состојбата преку алтернативни канали

Дополнителни вложувања

  • Можни се неограничени дополнителни вложувања без разорочување на депозитот и без пролонгирање на рокот на достасување на депозитот, при што дополнително вложените средства се додаваат на веќе вложените средства и на вкупниот износ СБ пресметува камата од моментот на вложување на средствата до моментот на достасување на депозитот.

  • Дополнителни уплати можат да вршат и трети лица со соопштување на бројот на сметката на малолетното лице согласно законската регулатива.

Депозитот го отвораат, на име на детето

  • Законските застапници

  • Еден законски застапник - доколку детето живее само со едниот родител се презентира соодветен документ т.е. решение / одлука од надлежен орган

  • Уплатувач на средства - трето лице кое го отвора депозитот во присуство на двајцата законски застапници

  • Старателот на детето – за што се презентира документ т.е. решение од надлежен орган.

Политика на преорочување и разорочување

  • Преорочување се врши под услови валидни на денот на преорочување. Клиентот може да располага со средствата во секое време во согласност со политиката за предвремено повлекување на депозитот

  • Депонентот може да го раскине договорот и пред истекот на рокот на орочување при што СБ пресметува и исплаќа камата по видување за периодот од моментот на орочување односно преорочување до моментот на предвременото раскинување на договорот