Орочени депозити
Депозит орочен на 1, 2, 3, 6, 12, 24, 36 месеци
За производот
Карактеристики
Орочен депозит со месечна исплата на камата
Физички лица резиденти и нерезиденти
Период на орочување: 1, 2, 3, 6, 12, 24 и 36 месеци
Валута: МКД, EUR, USD, GBP, CAD и AUD
Минимален износ на вложување:
за орочени девизни депозити на 1, 2, 3 и 6 месеци
МКД – 2.500; EUR – 500; USD – 500; AUD – 1.000; CAD – 1.000 и GBP – 300
за орочени девизни депозити на 12, 24, и на 36 месеци:
МКД – 2.500; EUR – 250; USD – 250; AUD – 500; CAD – 500; GBP – 150;
Начин на исплата на камата: месечна
Придобивки
Можност за располагање со каматата на месечна основа
Гарантирани каматни стапки за периодот на орочување на депозитот
Сигурна и стабилна банка, од доверба
Увид во состојбата преку i-bank каналите
Овластување
Сопственикот на влогот може да овласти друго полнолетно лице за располагање со влогот. Овластување може да се издаде во моментот на орочување на депозитот или дополнително во било кој период.
Политика на преорочување и разорочување
Депозитот (главницата) по автоматизам се преорочува под услови валидни на денот на преорочување. Клиентот може да располага со средствата во секое време во согласност со политиката за предвремено повлекување на депозитот.
Депонентот може да го раскине договорот и пред истекот на рокот на орочување при што СБ пресметува и исплаќа камата по видување за периодот од моментот на орочување односно преорочување до моментот на предвременото раскинување на договорот, при што за корегираниот износ на камата се намалува депозитот.
Каматни стапки
Годишни каматни стапки, гарантирани за целиот период на орочување на депозитот.
Пресметка и исплата на камата
Каматата се пресметува месечно од денот на уплатата / преорочувањето до денот на истекот на рокот за орочување.
Каматата се исплаќа месечно, на календарскиот ден на кој е орочен депозитот.
Каматата се пренесува на сметка по видување која ја одредил комитентот.
Актуелните каматни стапки се достапни на следниов линк.
Документи
При отворање на сметката клиентот приложува важечки документ за идентификација (лична карта или пасош)
По отворање на депозитот клиентот добива:
Договор за депозитот и
Штедна книшка на барање на клиентот