Дебитни картички
Mastercard Debit
За производот
Меѓународна бесконтактна дебитна картичка поврзана со денарска сметка
Без провизија за плаќање во трговската мрежа
3D-Secure стандард за БЕЗБЕДНИ купувања преку интернет
Без провизија за подигнување на готовина од банкомати во мрежата на Стопанска банка
Брза и едноставна процедура за аплицирање во филијалите на СБ, на телефон 15-110 или на линкот alokredit.mk
Можност за додавање на картичката во Google Wallet и Apple Wallet
Kартичката е специјално дизајнирана платежна картичка со тактилни засеци за да им помогне на корисниците да ги идентификуваат и разликуваат своите картички
Дебитна картичка: Заоблен засек
Картичката е изработена од 100% рециклиран PVC.
Употреба
Плаќање во трговската мрежа и подигнување на готовина од банкомати и шалтери
Следење и управување со сметката преку сервисот за електронско банкарство на СБ
Овозможена за користење во државата и во странство
Овозможена за плаќање преку интернет со највисоко ниво на заштита
Физички полнолетни лица државјани на Република Северна Македонија
Лимити
Максимален износ по трансакција во трговија во државата и странство во износ од 150.000 денари
Кумулативен износ на трансакции во текот на еден месец во трговија во државата и странство во износ од 300.000 денари
Дневен лимит за подигнување на готовина од банкомати во износ од 60.000 денари во државата и во странств
Можност за поставување и управување со трансакциски лимити и блокирање/деблокирање на платежни картички преку електронското и мобилното банкарство на Стопанска банка
За зголемување на лимитите над препорачаните треба да се обратите во контакт центарот на 02/3100-109
Членство и провизии
Членство
300 денари годишна членарина
Бесплатна за клиенти до 28 години
Бесплатна за првата година и потоа можност за ослободување од членарина со направен промет во трговија од 100.000 денари во текот на една година
0 денари членарина (без членство) за дополнителната картичка.
Еднократен трошок од 300 денари за изработка на дополнителна картичка.
Трошокот од 100 денари при обнова на картичката (трошокот се наплаќа еднаш на 5 години, при изработка на нова картичка)
Провизии и други надоместоци
БЕЗ ПРОВИЗИЈА за подигање на готовина од банкоматите на СБ
За подигање на готовина од банкоматите на други Банки во Р.Северна Македонија денарската сметка се задолжува со провизија од 2% од подигнатиот износ, но не помалку од 70 денари.
За подигање на готовина во странство денарската сметка се задолжува со провизијата од 2.5% но не помалку од 250 денари од подигнатиот износ.
Издавање на нов ПИН изнесува 200 денари
Трошокот за реиздавање на картичка поради кражба, губење, оштетување или промена на податоци изнесува 350 МКД
Безбедност при бесконтактни плаќања
Согласно регулативата за засилена автентикација на клиентот при извршување на бесконтактни платежни трансакции засновани на картичка, задолжителна е автентикација со ПИН код во следните случаи:
Доколку со картичката се извршени 5 последователни бесконтактни трансакциии на ПОС терминал без ПИН (од моментот на последната трансакција автентицирана со ПИН), следната бесконтактна трансакција мора да биде автентицирана со ПИН од страна на клиентот. Во спротивно, истата ќе биде одбиена,
Доколку вкупниот кумулиран износ на сите бесконтактни трансакции на ПОС надминува 9.000 денари (од моментот на последната трансакција автентицирана со ПИН), следната бесконтактна трансакција мора да биде автентицирана со ПИН, независно од износот на трансакцијата. Во спротивно, истата ќе биде одбиена,
Доколку поединечниот износ на бесконтактната платежна трансакција на ПОС терминал надминува 3.000 денари мора да биде автентицирана со ПИН. Во спротивно, истата ќе биде одбиена,
При плаќање со Google Pay не потребно да се внесе ПИН код на ПОС терминал, но задолжително е мобилниот уред да биде отклучен за да се реализира плаќањето, независно од износот на трансакцијата,
При плаќање со Apple Pay не е потребно да се внесе ПИН код на ПОС терминал, но задолжително е автентикација со Face ID, Touch ID или лозинка на вашиот уред, независно од износот на трансакцијата.