Прескокни до содржина
Платежни сметки со основни функции

Сметки

Платежни сметки со основни функции

Платежна сметка со основни функции (ПСОФ)

ОСНОВНИ КАРАКТЕРИСТИКИ

Платежната сметка со основни функции (ПСОФ) се отвора и гласи во денари.
За отварање на ПСОФ се квалификуваа корисник кој нема нема отворено друга платежна сметка во денари во Стопанска банка АД – Скопје или во друга банка, штедилница и филијала на странска банка во Република Северна Македонија.
Корисникот на ПСОФ не смее да користи дозволено пречекорување на сметката за платежни услуги со основни функции.



ОТВАРАЊЕ НА ПЛАТЕЖНА СМЕТКА СО ОСНОВНИ ФУНКЦИИ

ПСОФ се отвара на барање на Корисникот.
Корисникот, кој се квалификува за ПСОФ согласно законски утврдените критериуми, може да:
•    отвори нова платежна сметка со основни функции во денари или
•    изврши трансформација на постојна сметка во денари во платежна сметка со основни функции.
Отворањето на нова ПСОФ или трансформација на постојна платежна сметка во ПСОФ се врши во филијалите на Банката, по барање на Корисникот при што корисникот задолжително потпишува Изјава со која потврдува дека не поседува друга платежна сметка во денари во земјата.
Банката во рок од 10 работни дена ќе му одговори на корисникот дали му е одобрено барањето за отворање платежна сметка со основни функции.
Барањето може да се одобри по направена проверка дека корисникот не поседува платежна сметка со основни функции во Банката или во друга банка во РСМ.
Секоја платежна сметка по барање на Корисникот, доколку ги исполнува законски предвидените услови, може да се трансформира во платежна сметка со основни функции и обратно платежна сметка со основни функции на барање на корисник може да се трансформира во платежна сметка, при што ја задржува постоечката единствена идентификациска ознака на платежната сметка.


ПЛАТЕЖНИ УСЛУГИ СО ПСОФ


Платежната сметка со основни функции ги овозможува следните платежни услуги:

  1. отворање, одржување и затворање на платежната сметка;

  2. уплата на парични средства и повлекување готовина од платежната сметка на шалтерите во Банката каде што е отворена сметката и/или преку мрежа на банкомати во текот или надвор од работното време и

  3. платежни трансакции со платежна картичка, вклучително и онлајн плаќање

  4. кредитни трансфери, вклучувајќи и трајни налози.


НАДОМЕСТОЦИ ЗА ПЛАТЕЖНА СМЕТКА СО ОСНОВНИ ФУНКЦИИ

Месечниот надоместок за водење на платежна сметка со основни функции не смее да биде повисок од 0,1% од подвижниот просек на просечната месечна исплатена нето плата во земјата за претходните 12 месеци, согласно со објавите од страна на Државниот завод за статистика.
ПСОФ ги овозможува следните платежни трансакции, по следните надоместоци:

  • пет бесплатни безготовински интерни трансакции помеѓу сметки во рамки на Банката (трансакции на шалтер, преку дигитални канли или преку траен налог). Останатите платежните трансакции вклучително: трансакции кои го надминуваат минималниот број на интерни безготовински платежни трансакции (над 5 трансакции) и трансакциите иницирани кон други даватели на платежни услуги (други банки) се тарифираат според редовната тарифа на надоместоци.

  • без надоместок за извршување на неограничен број на платежни трансакции за уплата на парични средства и повлекување готовина од платежната сметка, на шалтерите во работните простории или преку мрежата на банкомати на давателот на платежните услуги.

  • надоместокот за иницијално издавање и обнова на дебитната картичка се наплаќа согласно редовната тарифа на надоместоците. Увидот и располагањето со средствата на платежната сметка со дебитна картичка е без надоместок за годишна членарина.

  • без надоместок за активност преку дигиталните канали (интернет и/или мобилна апликација)