Прескокни до содржина
Visa Direct - Испрати пари на Visa картичка

Kартички

Visa Direct - Испрати пари на Visa картичка

Visa direct - Испрати пари на Visa картичка

Испрати пари веднаш на Visa картичка. Брзо. Лесно. Сигурно - со Visa Direct и Visa+ преку Стопанска банка

Visa Direct и Visa+ се сервиси во сопственост на Visa Inc. кои се интегрирани на е-банкинг и м-банкинг сервисот на Стопанска банка на тој начин овозможувајќи испраќање пари во секое време директно на Visa дебитна картички, брзо, лесно и сигурно. Ставањето на располагање на средствата префрлени со Visa Direct сервисот се извршува во рок пропишан од меѓународните правила на VISA а тоа е 30 минути.

Visa Direct сервисот е достапен за клиенти кои го користат е-банкинг и м-банкинг сервисот на СБ и имаат активна платежна сметка, активна платежна картичка и ажурирани податоци во банката.

Visa Direct овозможува брз, сигурен и едноставен трансфер на средства помеѓу физички лица (P2P), без потреба од сложени банкарски податоци, и тоа на два начини:

  • кон број на Visa картичка доколку испраќачот го знае 16-цифрениот број на Visa дебитната картичка на примачот или

  • кон мобилен број (Visa+), каде што се користи само мобилен број на примачот за да се реализира плаќањето. Испраќање со мобилен број (алиас т.е кон Visa+ корисник) е возможно само доколку примачот има креирано свој алиас (Visa+ профил) во банката каде што користи Visa дебитна картичка (ја поврзал својата дебитна картичка со алиас-мобилен број).

Во моментов Visa Direct сервисот е достапен за пренос на средства само кон Visa картички во земјата.

ПРОМОТИВНО! Испраќањето на пари преку Visa Direct и Visa+ преку Стопанска банка е БЕЗ ТРОШОК. Дополнително ќе следува известување за воведување на надомест.

Зошто Visa Direct преку Стопанска банка?

  • Брз трансфер на пари

  • Средствата пристигнуваат на картичката за само неколку секунди

  • Без потреба од банкарски податоци

  • Доволен е бројот на картичката или мобилниот телефонски број на примачот (доколку е овозможен Visa+ сервисот од примачот)

  • Сигурност при трансфер на средства

  • Visa мрежата нуди високо ниво на безбедност при секоја трансакција

  • Достапност 24/7

  • Без разлика дали е викенд, празник или полноќ – сервисот функционира секогаш и во секое време

Visa+ сервисот преку Стопанска банка овозможува:

  • Безбеден трансфер преку мрежата на Visa Inc.

  • Нема потреба од број на картичка – доволен е само мобилен број на примачот

  • Работи со повеќе банки и апликации (доколку се поддржани од Visa+)

  • Идеално за праќање пари до пријатели, семејство или разделени сметки во различни банки

Упатство за Visa Direct преку мбанкинг

Упатство за Visa Direct преку ебанкинг

Најчесто поставувани прашања

Како да испратам пари кон мобилен број?

На м-банкинг:

  • Најавете се на м-банкинг на Стопанска банка

  • Изберете ја сметката која е поврзана со дебитна картичка (Visa или Mastercard)

  • Изберете го табот Налози

  • Изберете Visa Direct плаќање од листата на налози

  • На следниот екран дозволете да се вчитаат сите контакти кои ја поврзале својата Visa картичка со својот мобилен број

  • Изберете го посакуваниот корисник/мобилен број кон кој сакате да пратите пари

  • Внесете го износот кој сакате да го испратите

  • Стиснете на копчето Испрати пари во долниот дел од екранот, потврдете ја трансакцијата со софтверски токен/биометрија - и готово!

На е-банкинг:

  • Најавете се на е-банкинг на Стопанска банка

  • Изберете Налози преку платежната сметка која е поврзана со вашата дебитна платежна картичка

  • Изберете Visa Direct плаќање од листата на налози

  • Изберете Плаќање кон кон мобилен број

  • Изберете Додај нов и внесете го телефонскиот број на примачот во формат 3897XXXXXXX. Ќе успеете да креирате плаќање кон телефонски број само доколку примачот креирал Visa+ профил во својата банка.

  • Изберете го внесениот телефонски број по што ќе се отвори формата за плаќање

  • Внесете го износот на трансакцијата, потврдете ја трансакцијата со софтверски токен/биометрија преку мобилната апликација – и готово!

Како да испратам пари на број на Visa картичка?

На м-банкинг:

  • Најавете се на м-банкинг на Стопанска банка

  • Изберете ја сметката која е поврзана со дебитна картичка (Visa или Mastercard)

  • Изберете го табот Налози

  • Изберете Visa Direct плаќање од листата на налози

  • На следниот екран дозволете да се вчитаат сите контакти кои ја поврзале својата Visa картичка со својот мобилен број

  • Изберете ја опцијата Испрати пари кон број на картичка во долниот дел од екранот

  • Внесете ги податоците кои се задолжително во формата за плаќање: 16-цифрениот број на картичка на примач, износ, име, презиме, адреса и град на примач

  • Притиснете на копчето Испрати пари во долниот дел од екранот, потврдете ја трансакцијата со софтверски токен/биометрија - и готово!

На е-банкинг:

  • Најавете се на е-банкинг на Стопанска банка

  • Изберете Налози преку платежната сметка која е поврзана со вашата дебитна платежна картичка

  • Изберете Visa Direct плаќање од листата на налози

  • Изберете Плаќање кон Visa картичка

  • Внесете ги 16-цифрениот број на Visa картичката на примачот, износот на трансакцијата, името и презимето, адресата и градот на примачот, потврдете ја трансакцијата со софтверски токен/биометрија преку мобилната апликација - и готово!

Како да примам пари на мојата картичка преку Visa+ (преку мобилен број т.е. алиас)?

За да примите пари преку преку мобилен број (алиас) потребно е да креирате Visa+ профил преку мбанкинг или ебанкинг решението на СБ.

Во менито АПЛИЦИРАЈ ЗА е поставен сервисот за креирање на Visa+ профил преку кој можете да го поврзете вашиот мобилен број со вашата Visa дебитна картичка. На овој начин креирате алиас преку кој други Visa+ корисници можат да ви префрлат пари на дебитната картичка без да го знаат бројот на вашата картичка, но го знаат вашиот мобилен број кој во случајов се користи како алиас за плаќање.

Visa Direct сервисот за префрлање на пари на Visa картички е достапен во секое време, а извршувањето на трансакции е возможно и во неработни денови.

  • Најавете се на мбанкинг или е-банкинг решението на Стопанска банка

  • Изберете Visa+ профил од менито АПЛИЦИРАЈ ЗА

  • Изберете Активирај за да продолжите со активацијата на Visa+ профил

  • Проверете го регистрирарион мобилен број, изберете една од дебитните картички од листата на која сакате да примате средства и изберете Потврди

  • Изберете Потврди доколку се согласувате да се активира Visa+ профилот

  • Внесете го еднократниот код за активација кој го добивте преку СМС на мобилниот број регистриран во банката и изберете Потврди

  • Вашиот Visa+ профил е успешно активиран! Сега можете да примате пари без да споделувате број на картичка. Само споделете го Вашиот мобилен број со пријателите кои имаат можност да испраќаат пари преку Visa+.

Која е разликата меѓу Visa Direct и Visa+?

Visa Direct е сервис на Visa што овозможува испраќање пари директно до Visa платежна картичка.

Visa+ овозможува плаќања без да се споделува бројот на дебитната картичката или банкарската сметка. Наместо тоа, трансферот се прави преку единствен алиас идентификатор (на пример мобилен број) поврзан со Visa+ профил. Visa+ е услуга што користи Visa Direct во позадина, но нуди поедноставен начин за плаќања, без споделување на број на дебитната картичка. Кога се испраќа пари преку Visa+ трансферот реално се изведува преку Visa Direct. Стопанска банка го нуди Visa+ како дел од Visa Direct услугата.

Што е алиас?

Алиас е уникатен идентификатор, телефонски број, e-mail или псевдоним кој се користи за заменување на чувствителни информации за платежна картичка или платежна сметка поврзана со платежна картичка при извршување платежни трансакции преку Visa/MasterCard. Алиjасот се создава од страна на Корисникот и се поврзува со платежната картичка на Корисникот или неговата платежна сметка со цел да се олесни процесот на извршување на трансакции, намалувајќи го ризикот од злоупотреба на чувствителни податоци.

Кога ќе ми бидат на располагање парите испратени преку Visa Direct/Visa+?

Visa Direct плаќањата се извршуваат во реално време, а средствата се на располагање на платежната картичка на примачот веднаш - за само неколку секунди/минути се достапни за плаќање со платежната Visa картичка.

Дали можам да испратам/примам пари за време на викенд и празници?

Да, Visa Direct/Visa+ сервисот е достапен 24/7. Во секое време можете да испратите и примите пари, вон работно време, во викенди и празници.

Испратив пари преку Visa Direct/Visa+. Кога ќе ми биде задолжена платежната сметка во СБ?

Платежната сметка на испраќачот на средства се задолжува следниот работен ден од датумот на трансакцијата за износот на направената трансакција (и провизија доколку е во примена, согласно тарифата на Банката).

Состојбата на платежната картичка се ажурира веднаш за износот на трансакцијата и провизијата.

Ми испратија пари преку Visa Direct/Visa+. Кога ќе ми бидат прокнижени средствата на платежната сметка?

Доколку примач и испраќач се картички во СБ – книжење на средствата на платежната сметка се извршува следниот работен ден.

Доколку испраќачот е од друга банка, а примач е картичка во СБ – парите се на располагање на СБ картичката веднаш, а книжењето на средствата на сметка се извршува во рок од 2 работни дена.

Доколку примач е картичка во друга банка – книжење на средствата на платежната сметка во другата банка се извршува согласно условите на банката издавач на картичката. Согласно правилата на Visa Inc., средствата задолжително треба да бидат на располагање на картичката веднаш, но книжењето може да се изврши во рок од 3 работни дена, согласно интерните правила на банката.

На која сметка ќе ми бидат прокнижени средствата доколку ми испратат пари на Visa Gold дебитната картичка?

Доколку ви испратат средства на дебитна картичка од СБ поврзана само со денарска сметка, средствата ќе бидат прокнижени на денарската сметка (Mastercard дебитна картичка, Visa Classic дебитна картичка и Visa Internet картичка).

Доколку Ви испратат пари на Visa Gold дебитната картичка: Visa Gold дебитната картичка е платежна картичка од СБ поврзана со 2 сметки: во денари и евра. Доколку на Вашата Visa Gold дебитна картичка се испратени пари од странство во валута различна од денари (на пр. во евра), средствата ќе бидат прокнижени на сметката во евра. Доколку испраќачот испрати денари, средствата ќе бидат пронижени на Вашата денарска сметка поврзана со Visa Gold дебитната картичка.

Дали на ебанкинг/мбанкинг на СБ има евиденција за извршените трансфери од тековниот датум?

Да, трансакциите од тековниот датум се евидентираат во делот Трансакции во тек на е-банкинг, односно во резервирани средства на м-банкинг. На денот на извршеното книжење на сметка, трансакциите се на увид во менито за дневни трансакции, а потоа и во Извод од сметка. Заради полесно препознавање, трансакциите во својот опис содржат Visa Direct.

Доколку примам пари преку Visa Direct од друга банка, како можам да проверам дека средствата пристигнале на мојата Visa платежна картичка и платежна сметка?

Расположливата состојба на картичката ќе Ви се ажурира за износот кој Ви бил пратен од другата банка.

Во мобилната апликација на СБ можете да ја видите трансакцијата во Резервирани средства на платежната сметка на која ги очекувате средствата.

На веб електронското банкарство можете да ја видите трансакцијата во Трансакции во тек во платежната сметка на која ги очекувате средствата.

Трансакцијата е на увид во Резервирани средства/ Трансакции во тек, а износот Ви е на располагање на платежната картичка и можете веднаш да ги користите.

Дали има трансакциски лимити за плаќања преку Visa Direct/Visa+?

Да, поставени се дневни и месечни трансакциски лимити по плаќач и по примач.

Тип на трансакциски лимит*

Дневен лимит

Месечен лимит

 

Во земјата

Во странство*

Во земјата

Во странство*

Бр. на трансакции по праќач

                   10

                        2

                   50

                      10

Вкупен износ по праќач

         250.000 МКД

           120.000 МКД

         500.000 МКД

           120.000 МКД

Бр. На трансакции по примач*

                   10

                      10

                 300

                    100

Вкупен износ по примач

         250.000  МКД

           120.000 МКД

         500.000 МКД

           120.000 МКД

*плаќањата во странство ќе бидат дополнително овозможени

*лимитите од табелата се однесуваат само за плаќањата кон картички од други банки, а за интерните плаќања важат постојните ебанкинг лимити

*лимитите по примач се однесуваат на плаќања од Вашата сметка кон одреден број на картичка/мобилен број

Дали има надомест за користење на сервисот?

Не, во моментов промотивно можете да вршите плаќања кон Visa картички БЕЗ НАДОМЕСТ.

Дополнително ќе следува известување за воведување на надомест за Visa Direct плаќања.

Дали морам да имам платежна картичка во СБ за да можам да извршам Visa Direct плаќање?

Да, морате да имате платежна картичка во СБ за да извршите Visa Direct плаќање. Платежната сметка од која сакате да извршите плаќање мора да биде поврзана со дебитна платежна картичка.

Дали можам да направам Visa Direct плаќање од сметка во евра?

Не, Visa Direct плаќање е овозможено само од денарска сметка поврзана со дебитна платежна картичка за физички лица.

Дали можам да извршам плаќање од кредитната сметка поврзана со кредитна картичка?

Не. Плаќање можете да извршите само од денарска платежна сметка која е поврзана со дебитна картичка за физичко лице (Visa Classic, Visa Gold, Mastercard или Visa Internet картичка).

Дали можам да извршам плаќање доколку Visa картичката на примачот е блокирана или истечена?

Не, примачот не може да прими средства на картичка која е блокирана или истечена. Преку Visa Direct сервисот се извршуваат картични трансакции за кои важат истите правила како и за секоја друга картична трансакција.

Дали можам да извршам Visa Direct плаќање од сметка која е поврзана со блокирана дебитна картичка?

Не, можете да извршите плаќање само од платежна сметка која е поврзана со активна дебитна картичка (Visa или Mastercard).

Дали можам да извршам плаќање од платежна сметка поврзана со Mastercard дебитна картичка?

Да, може да се изврши плаќање од платежна сметка поврзана со дебитна картичка, независно дали сте корисник на Visa или Mastercard.

Дали можам да извршам плаќање од платежна сметка на која сум овластен?

Не, Visa Direct плаќање можете да направите само од платежна сметка на која сте носител. Доколку сте овластено лице на платежна сметка, а сакате да направите Visa Direct плаќање, препорачуваме преку Вашето електронско банкарство да ги префрлите средствата од платежната сметка на овластеното лице на Вашата платежна сметка и на тој начин да го извршите плаќањето.

Дали можам да префрлам пари на Visa картичка издадена од банка во Македонија во случај кога примачот на пари е надвор од земјата?

Да, независно од моменталната локација на примачот, возможно е испраќање на средства кон Visa картичка издадена од македонска банка, во секое време.

Дали можам да правам Visa Direct плаќања кон Visa картички издадени од странски банки?

Не, во моментов не се овозможени плаќањата кон Visa картички од странски банки, но наскоро ќе бидат овозможени за што ќе следува дополнителна информација.

Дали морам да имам Visa+ профил за да префрлам пари на друга Visa картичка преку Visa Direct?

Не. Можете да извршите Visa Direct/Visa+ плаќање без да имате активен Visa+ профил. Visa+ профилот Ви е потребен само за да примате средства преку вашиот алиас – мобилен број поврзан со Visa дебитната картичка преку Visa+ мрежата.

Дали можам да активирам Visa+ профил со кредитна картичка?

Не. Visa+ профил можете да креирате само со дебитна Visa картичка (Visa Classic, Visa Gold, Visa Internet дебитни картички), односно преку Visa+ мрежата можете да примате средства само на активна дебитна платежна картичка.

Дали можам да активирам Visa+ профил и да креирам алиас поврзан со дополнителна картичка?

Не, Visa+ профил можете да креирате само со основната Visa картичка поврзана со сметката на која сте носител.

Дали можам да направам промена на Visa+ профил или да го избришам?

Да, можете во секое време да направите промена или бришење на Visa+ профил. Промената на Visa+ профилот подразбира Вашиот алиас да го поврзете со друга Visa дебитна картичка на која сте корисник или пак да го ажурирате Вашиот мобилен број кој сакате да го поврзете со Visa дебитна картичка.

Дали можам да префрлам средства на Visa кредитна картичка преку Visa Direct сервисот?

Visa Direct сервисот се користи за праќање на пари меѓу дебитни картички. Не е дозволено праќање на пари кон кредитна картичка преку Visa Direct. За плаќање кон кредитни картички во СБ можете да ги користите шаблоните за уплати на кредитни картички.

Одредени издавачи (други банки) не дозволуваат Visa Direct трансакции кон нивните кредитнит картички.

Кога примачот ќе ги има средствата на располагање на картичката?

Средствата се на располагање на картичката на примачот веднаш, и може веднаш да се користат за плаќање со картичката.

Дали можам да креирам Visa+ профил доколку имам регистриран странски број во банката?

Не, можете да креирате Visa+ профил само доколку во СБ имате ажуриран македонски мобилен број.

Дали можам да уплатам рата на кредитна картичка преку Visa Direct/Visa+?

Visa Direct сервисот се користи за праќање на пари меѓу дебитни картички. Не е дозволено праќање на пари кон кредитна картичка преку Visa Direct. За плаќање кон кредитни картички во СБ можете да ги користите шаблоните за уплати на кредитни картички.