Mastercard Standard
За производот
Промотивно 4,9% каматна стапка до крајот на годината за сите апликации примени до 30.09.2026
Предности на картичката
Меѓународна бесконтактна кредитна картичка поврзана со денарска сметка
Можност за трансакции до 36 рати без камата
Можност за подигнување на готовина без провизија секој последен викенд во месецот за време на промо КЕШ викендот
Месечна отплата на 3% од вкупниот долг
Бескаматен грејс период од 45 дена при целосно подмирување на долгот (за трансакциите направени во трговската мрежа)
Максимален кредитен лимит од 300.000 денари, во зависност од примањата на клиентот
Брза и едноставна процедура за аплицирање во филијалите на СБ, на 24/7 телефон 15-110 или на линкот.
Бесплатно патничко осигурување со покритие од 20 дена со важност од 365 дена
Можност за додавање на картичката во Google Wallet и Apple Wallet
Kартичката е специјално дизајнирана платежна картичка со тактилни засеци за да им помогне на корисниците да ги идентификуваат и разликуваат своите картички
Кредитна картичка: Аголен засек
Картичката е изработена од 100% рециклиран PVC.
Употреба
Плаќање во трговската мрежа без провизија
Следење и управување со сметката преку сервисот за електронско банкарство на СБ
Подигнување на готовина од банкомати и шалтери по најповолни услови
Овозможена за користење во државата и во странство
Овозможена за плаќање преку интернет со највисоко ниво на заштита со 3D-Secure стандард за БЕЗБЕДНИ купувања
Максимална возраст за активно користење на кредитниот лимит на картичката е 75 години
Лимити
Максимален износ по трансакција во трговија во државата и странство во износ од 150.000 денари
Кумулативен износ на трансакции во текот на еден месец во трговија во државата и странство во износ од 300.000 денари
Дневен лимит за подигнување на готовина од банкомати во износ од 30.000 денари во државата и во странство
Можност за поставување и управување со трансакциски лимити и блокирање/деблокирање на платежни картички преку e-banking/m-banking на Стопанска банка
За зголемување на лимитите над препорачаните треба да се обратите во контакт центарот на 02/3100-109
Ценовни услови
Каматни стапки
Промотивно 4,9% каматна стапка до крајот на годината за сите апликации примени до 30.09.2026
8,55% променлива за клиенти со плата/пензија во СБ
9,50% променлива за други клиенти
0% камата за трансакциите на рати без камата кај трговските партнери на СБ
Каматата се пресметува само на искористениот износ
Рефинансирање на долг од кредитни картички и кредитни картички од други банки се прави по наведените каматни стапки во зависност на категоријата на клиентот
Членарина
Бесплатна за првата година.
0 денари членарина
со остварен промет од 90.000 денари во трговија во текот на една година
Корисник на станбен кредит или кредит со обезбедување од СБ
Картичката е издадена врз основа на залог на депозит
395 денари членарина за клиенти што примаат пензија во СБ и корисници на сервисот за достава на месечните извештаи за картичката преку електронска пошта
595 денари членарина за клиенти што примаат пензија во СБ и месечните извештаи за картичката ги добиваат по пошта
695 денари членарина за клиенти што ја примаат или не ја примаат платата во СБ и се корисници на сервисот за достава на месечните извештаи за картичката преку електронска пошта
895 денари членарина за клиенти што ја примаат или не ја примаат платата во СБ и ги добиваат месечните извештаи за картичката по пошта
Доколку клиентот во текот на последните 12 месеци доцнел повеќе од 60 дена во отплатата на месечните минимални обврски нема право на погоре наведените попусти и Банката ќе го наплати целиот износ од 1500 денари годишна членарина
Без трошок за изработка на дополнителна картичка.
Провизии и други надоместоци
За подигнување на готовина од банкоматите на СБ денарската сметка се задолжува за провизија од 2.5% но не помалку од 250 МКД од износот на трансакцијата.
За подигање на готовина на шалтер на СБ се задолжува денарската сметка за 2.5% од износот на трансакцијата но не помалку од 250 МКД.
За подигање на готовина од банкоматите и шалтери на други банки во Р.Северна Македонија и странство денарската сметка се задолжува со провизија од 250 МКД + 2.5% од подигнатиот износ.
Издавање на нов ПИН изнесува 200 МКД.
Трошокот за реиздавање на картичка поради кражба, губење, оштетување или промена на податоци изнесува 350 МКД
Критериуми и документи
Кредитни критериуми
Физички лица државјани на Република Северна Македонија
Возраст на корисникот- од 20 до 67 години на денот на аплицирање
Минимални примања од 12.000 денари
Потребни документи
Лично пополнета и потпишано барање за MasterCard кредитна картичка
Важечка лична карта
За клиенти што примаат плата/пензија преку СБ
извод од трансакциска сметка од последните 6 месеци
За клиенти што не примаат плата/пензија
Потврда за редовно вработување не постара од 30 дена, заверена и потпишана од овластените лица кај работодавецот
По потреба и друга документација за доказ за висина на месечни примања