Прескокни до содржина
Одбор за ревизија

Тела на корпоративно управување

Одбор за ревизија

Етички стандарди

Се сомневате дека постои злоупотреба на средствата на Стопанска Банка АД - Скопје, крајно неетичко однесување или измама извршена од интерни или екстерни заинтересирани страни:

  • Пријавете го случајот и Банката ќе ги направи сите разумни напори целосно да го истражи и расчисти;

  • Бидете насочени кон етичко однесување, и ако знаете некој кој се однесува крајно неетички или ја прекршува валидната интерна или екстерна регулатива, информирајте ја Банката;

  • Не се плашете за своето работно место, анонимноста на целиот процес е загарантирана, доколку Вие се определите за тоа;

  • Стопанска Банка АД – Скопје ја гарантира сигурноста и интегритетот на процесот, како и приватноста на идентитетот на лицето кое ќе достави релевантни податоци и информации, согласно етичките стандарди на Банката и соодветната регулатива.

  • Едноставно следете ги нашите инструкции, пополнете го предвидениот Формулар и испратете го.

  • Ако при тоа сакате да останете анонимни и да не го откриете својот идентитет, тоа Ви е овозможено со едноставно одбирање на наведената опција во предвидениот Формулар.

Стопанска банка АД - Скопје, како членка на меѓународната групација на Националната банка на Грција (НБГ) е насочена кон исполнување на највисоките етички стандарди во своето работење.
Кодексот на етика за вработените на Стопанска банка АД – Скопје е производ на нашата определба кон целосна усогласеност со законската регулатива и кон целосно почитување на етичките принципи при извршување на сите наши активности. Нашиот Кодекс на етика е насочен кон зајакнување на вредностите на доверба, почит, верност, искреност и транспарентност, кои ја сочинуваат основата за добро деловно одлучување.
Во променливото деловно опкружување во кое делуваме, нам ни е од особено значење, вработените, добавувачите, клиентите, акционерите и сите заинтересирани интерни и екстерни страни, да ја разберат нашата определба кон етичко деловно однесување.

Во таа насока, Стопанска банка АД – Скопје како членка на високо реномираната групација на Националната банка на Грција (НБГ), ги следи највисоките стандарди за корпоративно управување и однесување предвидени за компаниите кои котираат на меѓународната берза во Њу Јорк (законот на С.А.Д. Sarbanes – Oxley, Секција 404).
Нашиот процес за поднесување на приговори или дојави во врска со сомнителни сметководствени практики, интерни сметководствени контроли или ревизорски прашања е во целосна согласност со одредбите на Sarbanes – Oxley актот.