Прескокни до содржина
Стопанска банка х Mastercard

Промоции

Стопанска банка х Mastercard

Стратешко партнерство со Mastercard

Стопанска банка го проширува стратешкото партнерство со Мастеркард со цел остварување натамошен развој на своите услуги за плаќање и воведување нови производи за картички за физички и деловни клиенти. Проширената соработка е дел од стратегијата на Банката за развој на својата инфраструктура за плаќање и подобрување на дигиталното искуство за своите клиенти.

Стопанска банка продолжува активно да инвестира во развој на нови дигитални услуги и функционалности, со цел да обезбеди уште поедноставно, побезбедно и поефикасно искуство за сите свои корисници.

Како дел од ова партнерство, Банката воведува три нови производи, кои се само мал дел од новините што ќе следуваат како резултат на меѓусебното партнерство во наредните години:

Најчесто поставувани прашања

Зошто Банката ја прави оваа промена?

Оваа промена е дел од стратешкото партнерство на Стопанска банка со Mastercard – една од водечките меѓународни платежни шеми, што во иднина ќе овозможи нови поволности, промоции и напредни технолошки услуги во корист на клиентите. Активноста е дел од долгорочната стратегија на Банката за развој на современа платежна инфраструктура и унапредување на дигиталното корисничко искуство, со крајна цел континуирано подобрување на услугите за клиентите и корисниците на Mastercard картичките.

Согласно рамковниот договор за платежни услуги, Банката има право да изврши замена на платежните картички со друг бренд (платежна шема) со исти или слични карактеристики, со претходно известување на клиентите најмалку 30 дена однапред. Оваа промена е дел од стратешкото партнерство на Стопанска банка со Mastercard – една од водечките меѓународни платежни шеми, што во иднина ќе овозможи нови поволности, промоции и напредни технолошки услуги во корист на клиентите.

Вашата нова Mastercard картичка ќе биде бесплатно издадена, со рок на важност од 5 години и поврзана со истата денарска платежна сметка и ќе Ви овозможи:

широка меѓународна прифатеност;

високо ниво на сигурност при онлајн плаќања;

можност за дигитализација во Google Pay и Apple Pay;

управување со картичката (блокирање/деблокирање, поставување лимити) преку мобилната апликација;

како и дополнителни поволности и услуги.

Ви благодариме за разбирањето и за укажаната доверба.

Дали ќе има промени на прифаќање на картичките на продажните места СБ?

Не, на продажните места кои користат ПОС уред на СБ нема промени во прифаќањето на картичките, односно се прифаќаат двата бренда Виса и Мастер. Продолжувате да ги користите сите картички на ист начин како досега, на сите продажни места во земјата и странство!

Дали картичката која ми ја доделувате ќе биде со нови услови?

Вашата Visa картичка е всушност реиздадена во Mastercard картичка, но без промени во начинот на функционирање.

Дали се менува бројот на сметка?

Не, сметката останува иста со истите услови за користење.

Дали има надоместок за замената?

Не, замената е целосно бесплатна.

Каде и како да ја подигнам картичката?

Во филијалата каде сте се изјасниле и Ве информирвме преку порака, со лично присуство за да креирате нов ПИН и да ја активирате картичката.

Дали постоечката картичка ќе ми функционира додека да ја добијам новата?

Да, Вашата картичка ќе продолжи да функционира нормално до моментот на активирање на новата картичка.

Престојувам во странство и често патувам, дали може да се одложи промената т.е. да ме изземете од замената одреден период?

Како Банка, секогаш сме ориентирани кон излегување во пресрет на потребите на нашите клиенти. Ве молиме доставете информации преку контакт центарот на 02/3100-109 или на kontaktcentar@stb.com.mk за Вашето отсуство и очекувано враќање во земјата за замената на Вашата постојна картичка со Mastercard да може да биде одложена до периодот по Вашето враќање, за што дополнително ќе бидете контактирани.

До кога ќе може да се користи секоја од постоечките Visa картички (дали важат до истек на рок или се повлекуваат порано)?

Вашата постоечка Visa платежна картичка ќе биде активна и ќе можете непречено да ја користите додека не ја подигнете и активирате новата заменска Mastercard дебитна картичка, но не подолго од 3 месеци од применото известување за замена. По изработката на заменската картичка ќе добиете дополнително известување од кога картичката ќе биде подготвена за подигнување во филијала.

Кои од моите Visa картички се опфатени со замената со Mastercard?

Во периодот кој следува ќе добиете известување за замена на сите Ваши Visa картички со соодветни Mastercard картички со исти, слични или подобри функционалности и карактеристики во однос на досега издадените Visa платежни картички. Пред замената на картичките навремено ќе бидете известени, најмалку 30 дена однапред кога Вашата Visa картичка ќе биде опфатена со процесот на замена.

Дали замената е задолжителна за сите Visa картички или дали постои можност да се задржат?

Замената е задолжителна за сите Visa картички по добиено известување од Банката, и не постои можност за нивно задржување. Вашата нова Mastercard картичка ќе биде бесплатно издадена, со рок на важност од 5 години и поврзана со истата денарска платежна сметка, со исти, слични или подобрени карактеристики, во зависност од типот на картичката која се заменува и ќе Ви овозможи:

  • широка меѓународна прифатеност;

  • високо ниво на сигурност при онлајн плаќања;

  • можност за дигитализација во Google Pay и Apple Pay;

  • управување со картичката (блокирање/деблокирање, поставување лимити) преку мобилната апликација;

  • како и дополнителни поволности и услуги.

Како одредувате во која филијала да се испрати картичката?

Пред да се изврши замената на Visa картичката, испраќаме известување до корисниците кое претставува најава за замена и достава на картичката во филијала која претходно била посетувана од корисникот. Но, како што е наведено во известувањето, доколку сакате да извршите промена на филијала за подигнување на картичката, можете тоа да го направите со јавување во Контакт центарот на Стопанска банка на 02/3100109, но потребно е замената на филијалата да ја направите во дадениот рок од известувањето. Истото можете да го направите и преку e-mail комуникација на kontaktcentar@stb.com.mk, по што новата филијалата која ќе ја посочите ќе биде земена во предвид за достава на новата Mastercard картичка за подигнување.

Колку време ја чувате картичката во филијала, во случај да не успеам да ја подигнам во дадениот рок?

Известувањето за замена на картичката кое се испраќа од страна на Банката содржи краен рок за подигнување на заменската Mastercard картичка, по кој Visa картичката ќе биде откажана. Доколку не сте во можност да ја подигнете новата картичка во дадениот рок информирајте ја Банката преку 24/7 контакт центарот на (02)3100 109 или на kontaktcentar@stb.com.mk

Што со recurring/дигиталните претплати?

Откако ќе ја активирате Mastercard картичката потребно е да ги ажурирате податоците на интернет плаќањата каде имате зачувано картичка за повторени плаќања.

Visa картичката ми беше додадена во Google/Apple Wallet. Што да направам сега?

Потребно е да ја додадете новата (заменска) Mastercard картичка во Google Wallet/ Apple Wallet. Доколку Ви е потребна помош во процесот, колегите од филијалата може да Ви помогнат во отстранување на старата картичка и дигитализација на новата картичка во соодветната Wallet апликација.