Станбени кредити
Главни карактеристики
Карактеристики
Гарантирана каматна стапка за првите 5 или првите 10 години
Отплата до 30 години
За купување, градба, доградба и надградба: до 30 години
БЕЗ провизија за предвремена отплата со сопствени средства
БЕЗ жиранти, БЕЗ административни забрани, БЕЗ меница
Можност да се стави под хипотека истиот стан кој се купува
Ко-кредитобаратели може да бидат и лица кои не се членови на потесното семејство
Денарски кредит со девизна клаузула, валута ЕУР
Намена
Купување на нов / стар стан или куќа од физичко или правно лице
Купување на куќа со земјиште
Градба на куќа
Доградба / надградба на стан /куќа
Можност за рефинасирање на станбен кредит од друга банка
Ценовни услови
за кредити со 5 или 10 години гарантирана каматна стапка
- Износ до 18.500.000 МКД за сите намени
За кредити со животно осигурување:
- 3,20% фиксна за првите 5 год, за клиенти со плата/пензија во СБ, или
- 3,50% фиксна за првите 10 год, за клиенти со плата/пензија во СБ
- 4,10% фиксна за 3 год, за останати клиенти.
За кредити БЕЗ животно осигурување:
- 3,40% фиксна за првите 5 год, за клиенти со плата/пензија во СБ, или
- 3,70%фиксна за првите 10 год, за клиенти со плата/пензија во СБ
- 4,30% фиксна за 3 год, за останати клиенти.
Променлива каматна стапка за останатиот период
- 5,65% со плата/пензија во СБ
- 6,28% останати клиенти
Отплата и трошоци
- Еднакви месечни ануитети
- Целосна или делумна предвремена отплата со сопствени средства е БЕЗ провизија.
- За рефинансирање на станбени кредити од СБ во други Банки 3% провизија од рефинансираниот износ (само за кредити обезбедени со залог на недвижен имот)
- Апликативни трошоци: 600 МКД за сите клиенти
- 400 МКД трошок за генерирање на Имотен Лист
- Административни трошоци: 0% на износот на одобрениот кредит, еднократно
- Трошоци за проценка 0 МКД за имотот понуден како обезбедување
- Трошоци за осигурување на имотот кој се остава под хипотека ,
- Нотарски трошоци за регистрација на хипотеката и упис во катастар (или
Критериуми и Документација
Критериуми
Државјани на Р. Северна Македонија
Задолжително сопствено учество од најмалку 10% од вредноста на станот што се купува (во зависност од вредноста на обезбедувањето и кредитоспособноста на клиентот)
Минимални месечни примања од 12.000 мкд за клиенти со плата и 10.000 мкд за пензионери, за секој учесник во кредитот поединечно.
За клиенти со плата во СБ/без плата во СБ – од 20 години на денот на аплицирање до 70 години на денот на отплата ( доколку се вклучува ко-кредитобарател/и, возраста на еден од учесниците мора да биде до 70 години на денот на отплата, додека возраста на останатите учесници може да биде до 75 години на денот на отплата.
За пензионери – до 70 години на денот на отплата (доколку се вклучува ко-кредитобарател/и и сите учесници во моментот на аплицирање се пензионери, возраста на било кој од учесниците може да биде до 75 години на денот на отплата).
Kо-кредитобаратели може да бидат лица кои се членови на потесно семејство (родител, дете, сопруг/а),во спротивно треба да ги задоволуваат следните услови:
Ко-кредитобарателот да е клиент со плата во СБ или
Ко-кредитобарател да е клиент со постоен кредитен производ во СБ или друга банка со добра кредитна историја
За прифатените ко-кредитобаратели (без оглед на тоа дали се членови на потесното семејство или не), 100% од нивните примања и задолжувања влегуваат во пресметките на задолженоста.
Физички лица, резиденти, а се вработени во странство, може да се прифатат како кредитибаратели /ко-кредитобаратели само во случаи кога членови од потесното семејство кои се во редовен работен однос во Р.С.М. се јавуваат како кредитобаратели/ко-кредитобаратели. Воедно важат следниве услови:
Договорот за вработување како и последна годишна даночна изјава доставена до даночен орган во земјата каде е вработен кредитобарателот/ко-кредитобарателот треба да се преведени од овластен преведувач.
Документација
Барање за станбен кредит (за кредитобарателот и ко-кредитобарателите)
Фотокопија од лична карта или пасош (за кредитобарателот, ко-кредитобарателите и хипотекарниот должник)
За клиенти кои земаат плата во СБ, потребно е само извод од трансакциска сметка за последните 6 месеци
За клиенти што не земаат плата /пензија во СБ, потврда за редовно вработување, заверена и потпишана од работодавецот (не постара од 30 дена) а по потреба и други документи за доказ за висина 6 на месечни примања.
Извод од матична книга на родени (не постар од 6 месеци)/венчани издаден од Р.С.М (за кредитобарателот и ко-кредитобарателите).
За обезбедување куќа, земјиштето да биде со право на сопственост или со право на долготраен закуп.
Согласност за доставување на извештај од Македонско кредитно биро АД - Скопје (МКБ) (за кредитобарателот и ко-кредитобарателите)
Друга документација по барање на банката
За купување
Пред договор /договор за обезбеден стан / куќа / деловен простор заверен на нотар
Извод од ДУП или Потврда од општина дека земјиштето се наоѓа во градежен реон (само за купување градежно земјиште)
За сите видови градба (во случај кога како обезбедување се нуди друг објект)
Извод од детален урбанистички план (ДУП)
Правосилно Одобрение за градење
Основен проект завeрен во општина и проектантско биро
Предмер пресметка за позициите за кои се бара кредит
За рефинансирање на кредит од друга банка
Копија од Нотарскиот акт со Договор
Пример пресметки
Денарска валута - отплата се врши во денари; Девизна валута - отплатата е во денарска противвредност на EUR по среден курс на НБРМ на денот на плаќањето.
Денарска валута - отплата се врши во денари; Девизна валута - отплатата е во денарска противвредност на EUR по среден курс на НБРМ на денот на плаќањето.
Забелешка: Износот на вкупната камата се однесува на година со 360 дена, а месеците се земени со 30 дена. Од таа причина, износот на вкупната камата во калкулаторот е помал за околу 0,15% од износот кој реално би се пресметал на клиентот со примена на точниот број на календарски денови во месецот/годината.
Износот на каматата е апроксимативен. Се смета дека секој месец има 30 дена.