Прескокни до содржина
За депозитите

Депозити

За депозитите

Општи информации

Општи информации

Стопанска банка располага со голема палета на депозитни производи и една од најголемите банки по основ на орочени средства, во државата. Одберете депозитен производ кој најмногу ви одговара на вашиот финансиски план и орочете ги средствата во СБ.

За повеќе инфо околу производите може да се информирате на следните линкови:

Депозити по видување

Орочени депозити

Најчесто поставувани прашања

Како да орочам средства?

Орочувањето на средства се врши во филијалите на СБ. Средствата се орочуваат на одреден период време за кое се пресметува камата согласно истакнатите каматни стапки на Банката. За отворање на депозит на малолетно лице (до навршување полнолетност од 18 години) барањето го искажува законскиот застапник или друго лице.

Пресметување на камата

СБ пресметува и плаќа камата на депозитите на физички лица, по видување и орочени, со примена на каматни стапки утврдени со Одлука на КУАП. Камата се пресметува од денот на уплатата до денот на исплатата. Каматата се пресметува месечно и се исплаќа месечно освен за депозитите за кои е утврдено исплата на камата по истек на рокот на орочување, ако е договорено декурзивно пресметување на каматата (Евробонус, Премиум), или однапред, ако е договорено антиципативно пресметување и плаќање на каматата. (Евробонус)