Прескокни до содржина
Mastercard Business дебитна картичка

Платежни услуги

Mastercard Business дебитна картичка

За производот


Mastercard Business картичката е дебитна картичка што се издава на правни лица-резиденти, преку издавање една или повеќе Mastercard Business картички на вработените, кои картичката можат да ја користат за различни деловни (службени) плаќања на правното лице.

Со Mastercard Business дебитните картички вработените на кои правното лице ќе им издаде картичка имаат постојан 24/7 пристап до средствата уплатени на наменските сметки на секоја од картичките каде било и да се наоѓаат, на повеќе од 20 милиони продажни места или банкомати во светот.


Карактеристики

Плаќање на службените (деловни) трошоци без провизија на повеќе од 20 милиони продажни места во светот

  • Секое правно лице може да побара издавање на една или повеќе Mastercard Business дебитни картички (секоја со посебна сметка), кои ќе се користат за извршување деловни (службени) плаќања во рамките на средствата што правното лице ќе ги префрли на секоја од сметките.

  • Секоја поединечна Mastercard Business дебитна картичлка е поврзана со посебна наменска сметка.

  • Правното лице самостојно управува, односно ги определува износите за трошење (парични средства на располагање) на секоја поединечна Mastercard Business картичка издадена на вработените во правното лице.

  • Едноставно следење и управување со сметките и реализираните трошења со Mastercard Business дебитните картички преку e-banking сервисот на Стопанска банка.

  • Важност од 5 години, по што автоматски се обновува. Правното лице има право во секое време да побара затворање на една или повеќе Mastercard Business дебитни картички.