Прескокни до содржина
Маркетинг и ООП

Општествено одговорни практики

Маркетинг и ООП

Стратегија

Стопанска банка АД - Скопје е банка со најдолга традиција на пазарот. Формирана во далечната 1944 година, Банката станува нераздвоен дел од развојот и растот на индустриите, на инфраструктурата и на заедницата во целост.

Како Банка партнер на секое семејство и најголемиот дел од компаниите во Републиката, Стопанска банка АД - Скопје постојано вложува во проекти кои адресираат социјални, културни, еколошки прашања и помага во креирањето, одржувањето и развојот на овие проекти преку обезбедување финансиска, советодавна и промотивна поддршка.

Во рамки на организационата структура, Банката секоја година назначува Комисија за спонзорства и донации која има за цел буџетирање, планирање, организација и реализација на општествено одговорните активности со поддршка од Управниот одбор но и од вработените кои неретко волонтерски учествуваат во овие благородни активности.

Комисијата има мандат да изгради годишна програма во рамки на предвидениот годишен буџет и истата да ја презентира за одобрување пред Управниот одбор. Потоа Комисијата има задача да ги процесира пристигнатите барања за поддршка, да ги презентира и да носи одлука за истите, да ја спроведе неопходната документација и да извести за реализацијата на проектот кој бил предмет на поддршка.

Во фокусот на општествено одговорните практики на Стопанска банка АД - Скопје секоја година се наоѓаат:

  • промоција на велосипедизмот
  • инклузија на лица со пречки во развојот
  • здравствените капацитети во земјата
  • децата
  • културата и уметноста
  • спортот и
  • екологијата

Во овие сфери се најголемиот дел од активностите кои Банката ги спроведува или ги поддржува секако оставајќи простор и за проширување на некои од активностите во зависност од приликите.

За спроведените активности Стопанска банка подготвува годишни извештаи кои се дел од извештаите за работењето на Банката и со кои може да се гордееме бидејќи го заокружуваат делувањето на Банката на пазарот и додаваат на вредност на компанијата која преку општествено одговорното однесување ги зацврстува односите со клиентите, со јавноста и со заедницата.