Прескокни до содржина
Apple Pay

Kартички

Apple Pay

Што е Apple Pay

Плаќајте безбедно.Лесно. Секаде.

Apple Pay е брз, едноставен и безбеден начин за плаќање со вашиот iPhone, Apple Watch, iPad, Mac или Apple Vision Pro. Додајте ги вашите Visa и Mastercard картички од Стопанска банка АД - Скопје во Apple Wallet и плаќајте во продавници, во апликации и на интернет.

Вашите податоци. Заштитени.

Бројот на вашата картичка не се споделува со трговците. Наместо него Apple Pay користи единствен код за вашиот уред и уникатен код за секоја трансакција.

Еден допир. И готово.

Потврдете со Face ID, Touch ID или лозинка и завршето го плаќањето за миг.

Секогаш при рака.

Вашите Visa и Mastercard картички од Стопанска банка АД - Скопје се достапни во Apple Wallet, кога и каде да ви затребаат.

Преземете ја апликацијата Apple Wallet од App Store и дигитализирајте ги вашите платежни картички од Стопанска банка АД - Скопје. Можноста за користење картичка со Apple Wallet е во согласност со лимитите на дебитната или кредитната картичка.

Симболот подолу ги означува локациите каде што се прифаќа Apple Pay:

Најчесто поставувани прашања

Дали e Apple Pay бесплатна?

Да, Apple Pay e целосно бесплатна платформа. Корисникот нема дополнителен трошок за користење на апликацијата Apple Wallet. 

Додавањето на картичка во дигитален паричник (Apple Wallet) е овозможено единствено со користење на засилена автентикација преку м-банкинг апликацијата на Стопанска банка. Надоместокот за користење на м-банкинг апликацијата со оваа напредна функционалност е согласно Тарифа на СБ.

Каде можам да плаќам со Apple Pay?

Со Apple Pay може да плаќаш на сите продажни места кои имаат ПОС терминал со бесконтактен читач, како и на интернет-страници и апликации кои прифаќаат Apple Pay.

Дали при плаќање со Apple Pay е потребно да внесам ПИН?

При плаќање со Apple Pay на ПОС терминал нема потреба од внесување ПИН затоа што терминалот го користи твоето Face ID, Touch ID или passcode како автентикација, без оглед на износот.

Дали можам да подигнам готовина на АТМ со Apple Pay?

Дигиталните паричници како Apple Wallet првенствено се наменети за бесконтактни плаќања во трговската мрежа, преку мобилни апликации и онлајн. Иако подигнувањето на готовина со Apple Pay картичките на Стопанска банка не е функционално забрането, Банката не го препорачува бидејќи оваа функционалност не обезбедува соодветно корисничко искуство при подигнување готовина ниту достапност на сите банкомати и АТМ услуги. Дополнително, и самите компании наведуваат дека нивните дигитални паричници се дизајнирани пред сѐ за бесконтактни и онлајн плаќања, а не за подигнување готовина од АТМ уредите (“Designed for contactless payments in stores, apps, and online, tap to pay ≠ tap to withdraw“). За сигурно и непречено подигнување готовина од АТМ (банкомат) препорачуваме да ја користите физичката дебитна или кредитна картичка издадена од Стопанска банка.

Дали можам да уплатам готовина на ATM со Apple Pay?

Функционалноста за уплата на готовина (Cash-IN) преку АТМ со дигитализирана картичка моментално не е овозможена. Дигиталните паричници како Apple Wallet, првенствено се наменети за бесконтактни плаќања во трговска мрежа, мобилни апликации и онлајн трансакции, додека за уплата и подигнување на готовина од АТМ препорачуваме користењње на физичка дебитна или кредитна картичка издадена од Стопанска банка

Дали има лимит за плаќање преку Apple Pay?

Лимитот за плаќање со дигитализирана картичка во Wallet app кореспондира со лимитот на твојата физичка картичка. Промена на лимитите за секоја од твоите картички од Стопанска банка може да направиш преку мобилната апликација на СБ, преку контакт центарот или во најблиската филијала.

Дали ќе ги гледам трансакциите на мојот телефон?

Да, твоите најнови трансакции ќе бидат прикажани во твојот Apple Wallet. Исто така, може да ги видиш и преку мобилната апликација или преку интернет банкарството на СБ.

Направив трансакција во продавница и на терминалот пишува „Одбиено“, но на телефонот ми се појави ознака со порака „Done“. Дали трансакцијата е извршена?

Да, ќе видиш порака „Done“ на твојот уред без разлика дали трансакцијата е успешна или одбиена. За да бидеш сигурен дали трансакцијата е извршена, провери ја трансакцијата во м-банкинг апликацијата на твојата платежна сметка, јавете се во контакт центарот кој е достапен 24/7, или посети ја најблиската филијала на Банката за проверка.

Колку картички можам да додадам на еден уред?

За корисниците на iOS 17 па натаму, нема ограничување за бројот на картички што може да ги додадеш во Apple Wallet на еден уред.

Дали бришењето на картичката од iPhone влијае на картичката на Apple Watch ако се поврзани со истиот мобилен телефон?

Не, тие се третираат како два одделни „токени“, така што нема да има ефект на картичката дигитализирана на Apple Watch.

Дали раздвојувањето (unpairing) на Apple Watch од iPhone ги отстранува картичките од Apple Watch?

Да, раздвојувањето (unpairing) на Apple Watch автоматски ќе ги отстрани картичките кои се додадени на него.

Што ако го загубам телефонот?

Доколку го загубиш телефонот на кој користиш Apple Pay, веднаш можеш од друг уред да се најавиш со твојот Apple ID на iCloud.com, да го избереш изгубениот уред и да ја активираш опцијата „Lost Mode“ за да го заклучиш телефонот или, пак, да го избришеш уредот (Erase iPhone) ако не веруваш дека ќе го најдеш. Или пак можеш да ги блокираш картичките преку контакт центарот или со посета на некоја од филијалите на Банката.

Може ли да ги вратам избришаните картички доколку го најдам изгубениот уред?

Не, избришаните картички не можеш да ги вратиш. Само суспендираните картички може повторно да се активираат. Откако картичката ќе биде избришана, истата треба повторно да ја додадеш во Apple Wallet.

Се појави порака за грешка „Картичката не е додадена – Контактирајте го издавачот“ додека ја додаваш картичката. Што значи ова?

Грешката „Картичката не е додадена - Контактирајте го издавачот“ на Apple Pay значи дека банката го одбива дигиталното додавање на вашата картичка на вашиот iPhone, веројатно поради безбедносна проверка, поради неактивна картичка, или неажурни лични податоци. Проверете го статусот на картичката преку мобилната апликација на СБ и уверете се дека вашите лични податоци се ажурирани преку истата, потоа обидете се повторно да ја додадете картичката.

Која е разликата помеѓу апликацијата Wallet и Apple Pay?

Apple Pay е безбеден начин за вршење плаќања во продавници, онлајн и преку апликации. Апликацијата Wallet е местото каде што ги чувате вашите дебитни и кредитни картички што сакате да ги користите за плаќање со Apple Pay.

Дали можам да додадам дополнителна платежна картичка од СБ во Apple Wallet?

Не во овој момент не е возможно додавање на дополнителни платежни картички во Apple Wallet. Овозможена е дигитализација само на основни картички со одобрување од страна на носителот на картичката.

Дали можам да додадам платежна картичкана на друго лице во Apple Wallet на мојот уред?

Стопанска банка не препорачува дигитализација на Вашата платежна картичка на уред кој не е Ваш или кој не е целосно под Ваша контрола. Од безбедносни причини, М‑банкинг апликацијата на Стопанска банка може да биде целосно активна и функционална само на еден уред, и се препорачува дигитализацијата на платежните картички да се врши исклучиво на тој уред.

Што значи поставувањето на примарна (default) картичка во Apple Wallet

Примарна (default) платежна картичка картичка во дигитален паричник е таа која автоматски се користи при плаќање со Apple Pay. Таа ќе се примени како примарен избор при секое плаќање, освен ако корисникот не одбере друга картичка. Доколку сакате да платите со различна картичка која е додадена во дигиталниот паричник, потребно е истата рачно да ја изберете при самиот процес на плаќање. Промената на примарната картичка може да се направи во било кое време, директно преку апликацијата Apple Wallet, без потреба од дополнителни барања или интервенција од банката.