Прескокни до содржина
За Банката

За акционерите

За Банката

Собрание на акционери

ДОПОЛНЕТ ЈАВЕН ПОВИК

за учество на 57-мата седница на Собранието на акционерите на
Стопанска банка АД - Скопје

Врз основа на член 390 од Законот за трговски друштва, а по поднесен предлог од акционер – имател на приоритетни акции, за дополнување на Дневниот ред на 57‑та седница на Собранието на акционери на Стопанска банка АД – Скопје, закажана за 28.05.2026 година во 12:00 часот, Надзорниот одбор на Стопанска банка АД – Скопје донесе Одлука за измена на Одлуката за свикување на 57‑та седница на Собранието на акционери (Н.O. бр. 70/2026 од 05.05.2026 година).

Со оваа одлука се врши измена и дополнување на Дневниот ред, објавен со јавниот повик за свикување на Собранието на акционери во дневниот весник „Вечер“ на 28.4.2026 година, на начин што се додава нова точка (точка 3), при што редоследот на наредните точки се менува соодветно, како што е наведено во продолжение.

Истовремено се известуваат акционерите дека е извршена промена на локацијата на одржување на Седницата на Собранието. Седницата на Собранието на акционери ќе се одржи во деловниот објект на Стопанска банка АД Скопје, на ул. „11 Октомври“ бр. 7, Скопје, наместо на претходно наведената адреса.

За работа на 57-мата седница на Собранието на акционери, Надзорниот одбор на СБ го предлага следниот:

ДНЕВЕН РЕД

  1. Избор на претседавач, нотар и бројач на гласови;

  2. Разгледување на Записникот од 56-тата седница на Собранието на акционерите одржана на 27-ми април, 2026 година;

  3. Разгледување на предлози поднесени од имател(и) на приоритетни акции:

    1. Предлог-одлука за распределба на добивката на Стопанска банка АД Скопје за 2025 година и нераспределената добивка од претходни години,

    2. Предлог-одлука за измена и дополнување на Статутот.

  4. Донесување Одлука за измена и дополнување на Статутот;

  5. Донесување Одлука за именување член на Надзорниот одбор;

  6. Донесување Одлука за усвојување на Годишната сметка и Финансиските извештаи на Стопанска банка АД - Скопје за 2025 година;

  7. Донесување Одлука за усвојување на консолидираната годишна сметка и финансиските извештаи на Стопанска банка АД - Скопје за 2025 година;

  8. Одлука за разгледување и усвојување на ревидираните финансиски извештаи на Стопанска банка АД - Скопје за 2025 година со писмено мислење од Надзорниот одбор;

  9. Одлука за разгледување и усвојување на ревидираните консолидирани финансиски извештаи на Стопанска банка АД - Скопје за 2025 година со писмено мислење од Надзорниот одбор;

  10. Разгледување и усвојување на годишниот извештај за работењето на Стопанска банка АД - Скопје во 2025 година со писмено мислење од Надзорниот одбор;

  11. Донесување Одлука за распоредување на добивката за 2025 година;

  12. Донесување Одлука за пренамена на задржаната добивка за инвестирање во добивка расположлива за распределба на акционерите;

  13. Донесување Одлука за начинот на пресметување и исплата на дивиденда на имателите на приоритетни акции за 2025 година;

  14. Донесување Одлука за начинот на пресметување и исплата на дивиденда на имателите на обични акции;

  15. Разгледување и усвојување на годишниот извештај за работењето на Надзорниот одбор за 2025 година;

  16. Донесување Одлука за поединечно одoбрување на работата на членовите на Надзорниот одбор и членовите на Управниот одбор за 2025 година;

  17. Донесување Одлука за назначување на овластено друштво за ревизија за 2026 година; и

  18. Донесување Одлука за одобрувањена Правилникот за работа на Собранието на акционери.

Останатите одредби од Јавниот повик за свикување на Собранието на акционери во дневниот весник „Вечер“ на 28.4.2026 година остануваат непроменети. Со цел поголема прегледност, подолу ги реобјавуваме релевантните одредби од веќе објавениот Јавен повик.

Се повикуваат акционерите на СБ да го пријават своето учество на седницата на Собранието со доставување на: писмено овластување издадено од надлежен орган на акционерот (за правни лица) или лично потпишана пријава (за физички лица) најмалку 3 (три) дена пред одржувањето на седницата, а најдоцна во рокот предвиден со Законот за трговски друштва, на горенаведената адреса (ул. „11 Октомври“ бр. 7, Скопје), со назнака: „За Кабинетот на претседателот на Управниот одбор“, или по електронски пат на е-пошта: sobranie@stb.com.mk, со доставување на овластувањето или изјавата во скенирана форма.

Акционерите на СБ можат да гласаат по точките од дневниот ред објавени во Јавниот повик и со пополнување Образец за гласање со коресподенција, кој е објавен на официјалната интернет-страница на Банката, во делот „Собрание на акционери – документација“, на следниот линк: www.stb.com.mk. Уредно пополнетиот Образец за гласање со коресподенција, акционерите треба да го достават во писмена форма во оригинал, со пополнето целосно име и презиме и своерачен потпис на акционерот-физичко лице, односно назив, седиште, печат и целосно име и презиме и своерачен потпис на законскиот застапник на акционерот правно лице. За потребите на идентификација, заедно со пополнетиот Образец за коресподенција, акционерот-физичко лице потребно е да достави и копија од документ за идентификација (лична карта). За потребите на идентификација, заедно со пополнетиот Образец за коресподенција, акционерот-правно лице е потребно да достави и копија од важечка тековна состојба на правното лице и копија од документ за идентификација (лична карта) на законскиот застапник на правното лице. Пополнетиот Образец за коресподенција во оригинал заедно со погоре наведените документи за идентификација, со назнака „за Собрание на акционери“ треба да бидат примени во деловниот објект на улица „Филип Втори Македонски“, бр. 6, Скопје, најдоцна до 28.5.2026 година до 10.00 часот.

Секој акционер може да овласти свој полномошник на Собранието на акционери, на начин и под услови утврдени со Закон, со потпишување писмено полномошно. Секој акционер кој дал писмено полномошно и назначил свој полномошник е должен да ја извести Банката со писмено известување на горенаведената адреса и назнака, или по електронски пат на: sobranie@stb.com.mk со доставување на полномошното во скенирана форма, во спротивно ќе се смета дека не го дал полномошното.

Собранието на акционери ќе одлучува само за прашања што се уредно ставени на дневниот ред согласно Статутот на Банката и Законот за трговски друштва.

Акционерите кои поединечно или заедно поседуваат најмалку 5 % од вкупниот број на акции со право на глас можат во рок од 8 (осум) дена од денот на објавување на јавниот повик за свикување на Собранието, односно најдоцна до 6.5.2026 година, да предложат дополнување на предложениот дневен ред со барање за вклучување нови точки или одлуки по секоја од точките кои се вклучени или ќе бидат вклучени во дневниот ред ако истовремено приложат и образложение за предложената точка за дополнување на дневниот ред или ако предложат одлука по предложената точка. Предлагањето точки/одлуки по дневниот ред се врши со писмено известување доставено на горенаведената адреса и назнака или по електронски пат на е-поштата: sobranie@stb.com.mk.

Предлогот се доставува во писмена/скенирана форма во оригинал, со пополнето целосно име и презиме и своерачен потпис на акционери (и) физичко лице, односно назив, седиште, печат, целосно име и презиме и своерачен потпис на законскиот застапник на акционер(и) правно лице. Заедно со барањето, акционерот задолжително треба да приложи и соодветни документи за идентификација, и тоа:

  1. За акционер-физичко лице се приложува:

  • Извод од Централниот депозитар за хартии од вредност во којшто е наведен бројот на акциите, во оригинал, не постар од 3 дена, и

  • Копија од лична карта или пасош.

  1. За акционер-правно лице, се приложува:

  • Извод од Централниот депозитар за хартии од вредност во којшто е наведен бројот на акциите, во оригинал, не постар од 3 дена,

  • Последна тековна состојба од Централниот регистар во оригинал не постара од 7 дена, и

  • Копија од лична карта или пасош на законскиот застапник.

Акционерите имаат право да поставуваат прашања по точките од дневниот ред. Правото да се поставуваат прашања од акционерите и обврската на друштвото да одговори на поставените прашања може да се ограничи само поради одржувањето на ред во заседавањето и работата на Собранието, или преземање активности за зачувување на доверливоста во работењето и деловните интереси на друштвото.

Одговорите на поставените прашања на седницата на Собранието на друштвото ќе бидат објавени на интернет-страницата на Банката www.stb.com.mk во форма на прашање и одговор.

Прашањата се доставуваат во писмена форма во оригинал на горенаведената адреса и назнака, или по електронски пат во скенирана форма на е-пошта: sobranie@stb.com.mk, со пополнето целосно име и презиме и своерачен потпис на акционер(и) физичко лице, односно назив, седиште, печат, целосно име и презиме и своерачен потпис на законскиот застапник на акционер(и) правно лице. Заедно со прашањето акционерот задолжително треба да приложи и соодветни документи за идентификација, и тоа:

  1. За акционер-физичко лице, се приложува:

  • Извод од Централниот депозитар за хартии од вредност во којшто е наведен бројот на акциите, во оригинал, не постар од 3 дена, и

  • Копија од лична карта или пасош.

  1. За акционер-правно лице, се приложува:

  • Извод од Централниот депозитар за хартии од вредност во којшто е наведен бројот на акциите, во оригинал, не постар од 3 дена,

  • Последна тековна состојба од Централниот регистар во оригинал не постара од 7 дена, и

  • Копија од лична карта или пасош на законскиот застапник.

Гласањето по точките од дневниот ред се врши на начин согласно Статутот и Законот за трговски друштва.

Материјалите по предлог–дневниот ред и останатите информации, согласно важечката законска регулатива, ќе бидат во целост достапни на увид на акционерите во деловниот објект на СБ на ул. „11 Октомври“ бр. 7, Скопје (3 кат, канцеларија бр. 306), секој работен ден од 12.00 до 15.00 часот, а ќе бидат објавени и на интернет-страницата на Банката www.stb.com.mk од денот на објавувањето на овој Јавен повик.

СТОПАНСКА БАНКА АД - СКОПЈЕ