Прескокни до содржина
Ажурирање на клиент со OneID

Дигитално банкарство

Ажурирање на клиент со OneID

Што е OneID електронската идентификација

OneID е мобилна апликација за електронска идентификација со чија помош клиентот може да се идентификува пред компании кои го бараат тоа во рамките на услугите што ги нудат.

Електронската идентификација ви озможува да го потврдите Вашиот личен идентитет и да ги ажурирате податоците во Банката, особено во случаи на промена на лична карта или пасош, промена на адреса и слично — без потреба од физичка посета на филијала.

Ажурирај податоци со OneID

Стопанска банка во својот процес за идентификација на клиентот и негово ажурирање ја прифаќа OneID како средство за електронско потврдување на личен идентитет и за потпишување на документ за регистрација.