Орочени депозити
6 и 9 месеци орочен депозит
За производот
Карактеристики
Орочен депозит на 6 или на 9 месеци со гарантирана каматна стапка за периодот на орочување
Физички лица резиденти и нерезиденти
Период на орочување 6 или 9 месеци
Валута ЕУР и МКД
Минимален износ на вложување
ЕУР - 500
МКД - 30,000
Начин на исплата на камата: на крај на период
Придобивки
Атрактивна каматна стапка за краток рок на орочување
Гарантирани каматни стапки за периодот на орочување на депозитот
Сигурна и стабилна банка, банка од доверба
Увид во состојбата преку i-bank каналите
Овластување
Сопственикот на влогот може да овласти друго полнолетно лице за располагање со влогот. Овластување може да се издаде во моментот на орочување на депозитот или дополнително во било кој период.
Политика на преорочување и разорочување
Преорочување се врши под услови валидни на денот на преорочување. Клиентот може да располага со средствата во секое време во согласност со политиката за предвремено повлекување на депозитот.
Депонентот може да го раскине договорот и пред истекот на рокот на орочување при што СБ пресметува и исплаќа камата по видување за периодот од моментот на орочување односно преорочување до моментот на предвременото раскинување на договорот.
Каматни стапки
Годишни каматни стапки, гарантирани за целиот периодот на орочување.
Пресметка и исплата на камата
Каматата се пресметува и исплаќа на крајот на периодот на орочување на сметката на клиентот.
Коминтентот располага со депозитот и со пресметаната камата на денот на достасаност на депозитот (календарскиот ден).
Актуелните каматни стапки се достапни на следниов линк.
Документи
При отворање на сметката клиентот приложува важечки документ за идентификација (лична карта или пасош)
По отворање на депозитот клиентот добива:
Договор за депозитот и
Штедна книшка на барање на клиентот