Прескокни до содржина
Пензиско осигурување

Население

Пензиско осигурување

Пензиско осигурување во Стопанска банка

Пензиско осигурување во Стопанска банка

 

КАПИТАЛНО ФИНАНСИРАНО ПЕНЗИСКО ОСИГУРУВАЊЕ
втор и трет столб на реформираниот пензиски систем

 

ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ


Во филијалите на Банката можете да ги добиете следните услуги:

  • информации во врска со правата на осигурениците од задолжително и доброволно капитално финансирано пензиско осигурување;

  • проверка на статусот на членство во задолжителен пензиски фонд со насоки за достапните начини за самостоен увид и следење на состојбата на пензиските сметки;

  • зачленување во задолжителниот и/или во доброволниот пензиски фонд со кои управува Триглав пензиско друштво АД Скопје;

  • информации за остварените резултати, инвестиционото портфолио и надоместоците на пензиските фондови;

  • ажурирање на личните и контакт податоците на членовите на пензиските фондови;

  • други активности заради рекламирање и обезбедување на информации кои се поврзани со работењето на пензиските фондови.

Стопанска банка АД - Скопје е деловен соработник за маркетинг на Триглав пензиско друштво АД Скопје.

Посетете нѐ во една од филијалите кои се овластени продажни места или јавете се  во контакт центарот на 02/3100-109 и договорете разговор или средба со овластен агент.

За повеќе информации посетете ја веб-страницата на Триглав пензиско друштво

* Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229

 

ЗА ТРИГЛАВ ПЕНЗИСКО ДРУШТВО


Зошто ви предлагаме да ги изберете пензиските фондови со кои управува Триглав пензиско друштво?
Триглав пензиско друштво е дел од Групацијата Триглав, една од водечките осигурително-финансиски институции во Југоисточна Европа, која со своето знаење, искуство и финансиска моќ, повеќе од 120 години ја оправдува довербата на клиентите дека ќе се грижи одговорно за нивната безбедност и иднина.
Докажаното реноме го прави Триглав пензиско друштво доверлив партнер за важните решенија поврзани со вашата иднина.

Сигурност во управувањето со средствата
Примарната цел на поставената инвестициска стратегија е грижа за умерен и стабилен раст на вредноста на вашата пензиска заштеда. Во носењето на инвестициските одлуки учествува тим од искусни професионалци, носители на Chartered Financial Analyst (CFA) стручна квалификација, кои се лиценцирани за анализа, вреднување и тргување со финансиски инструменти. Структурата на фондовите овозможува флексибилност при инвестирањето и можност за брзо ребалансирање на портфолиото во насока на искористување на движењата на пазарите и максимизирање на придобивките од тековните трендови.


ДИГИТАЛИЗИРАН ПРОЦЕС


Самостоен внес на податоци за подготовка на договор
На специјално изработената дигитална платформа e-triglavpenzisko.mk можете да иницирате подготовка на Вашиот договор за членство во Триглав задолжителниот пензиски фонд (ВТОР СТОЛБ) или Триглав доброволниот пензиски фонд (ТРЕТ СТОЛБ), како и да го изберете агентот со кој сакате да склучите договор.


Дигитално завршување на постапката
На ваше барање, примерок од договорот за членство, како и еднократен код за верификација ќе бидат испратени до вашата електронска адреса, односно мобилен телефонски број.  Еднократниот код е легална алтернатива за своерачен потпис, со што целата постапка околу склучувањето на договорот можете да ја завршите online, без потреба од физичка посета на филијала.