Новости
Соопштенија
Заштита од онлајн измами
12.10.2023
Почитувани клиенти и соработници, овие денови актуелна е измамничка кампања, под закрилата на лажна веб страница која испраќа СМС и e-mail пораки поврзани со наводна „погрешна адреса“ и „вратена пратка“ со линк кој понатаму бара да се внесат лични и финансиски податоци.
Се работи за актуелни злоупотреби преку кои со користење на методи на социјален инжењеринг се наведуваат клиентите да внесат односно споделат податоци за платежни картички на лажни веб страни.
Покрај тоа дополнително се побарува споделување на кодот за верификација наменет за комплетирање на трансакција преку интернет.
Никогаш не кликајте и не внесувајте податоци за картичка и ОТП код на добиени линкови преку СМС или e-mail.
Користете ја функционалноста преку дигиталното банкарство на Стопанска банка, m-banking или e-banking, за поставување на трансакциски лимити.
Правете редовни проверки на изводи од сметките и картичките.
Промоциите и празниците се интересни за вакви видови на криминал бидејќи потребно е внимание на која веб страна пазарите.
Купувајте преку интернет само на веб страници кои содржат системи за целосна автентикација и кои имаат „https“ на почетокот на адресата.
Доколку се сомневате на можна злоупотреба, блокирајте ја веднаш платежната картичка преку дигиталното банкарство или јавете се на телефонот на Контакт Центарот.