Прескокни до содржина
Видео архива со нашите соработници, пријатели и клиенти

Новости

Соопштенија

Видео архива со нашите соработници, пријатели и клиенти

25.12.2024

Стопанска банка е отворила видео архива со интервјуа од вработени, соработници, клиенти и пријатели на институцијата.

Архивата е создана како дел од славењето на 80-годишната историја на банката во 2024 година.

Содржина е достапна на веб-страницата www.80godinistb.mk, каде што посетителите можат да видат интервјуа со луѓе кои зборуваат за влијанието на Стопанска банка врз заедницата, бизнисите и поединците.

Материјалот е замислен како „заокружување на јубилејот кој го славиме целата година" во партнерство со различни делови од опкружувањето на финансиската институција.