Новости
Соопштенија
Успешно реализирано и 8мото издание на Вози право, вози здраво
03.06.2024
Повеќе од 8.000 луѓе од сите возрасти вчера возеа низ „ослободените“ улици од возила во центарот на Скопје и дадоа придонес во промовирањето здрави животни навики, како дел од настанот „Вози право, вози здраво“ кој Стопанска банка го организира по осми пат.
Во годината кога Банката прославува 80 години од постоењето, осмото издание на традиционалната ревијална трка повторно на едно место ги собра сите љубители на еколошкиот превоз на тркала, како урбана форма на транспорт која е економична, безбедна и не ја загадува животната средина.
Почетокот на ревијалната трка беше кај Порта Македонија, каде што неколку илјади насмеани лица нестрпливо чекаа да биде означен стартот и да возат по улиците кои само за нив беа ослободени од возила.
Учесниците во долга колона го постигнаа ефектот на видливост и стигнаа до Градскиот парк за да бидат дел од големата забава организирана во нивна чест.
Во рамки на лотаријата во живо, еден од најсреќните учесници доби ваучер од 12.000 денари, а забавата кулминираше со извлекувањето на лотаријата со 80 вредни подароци по повод јубилејната година на Банката.
Извлечени беа добитници на Specialized велосипеди, заштитни кациги, тротинети, Garmin паметни часовници, ролерки, спортски ранци, хамоци, JBL слушалки и Stanley термоси.
Стопанска банка ќе го заокружи и ова издание на „Вози право, вози здраво“ со донација за комплетирање на изградбата на СТБ детскиот велодром во паркот Сарај.
Во изминатите години, Банката донираше средства за изградба на детски велосипедски полигон, станици за поправка на велосипеди, паркинзи за велосипеди и финансираше изградба на pumptrack полигони во Скопје.
Активностите на Банката поврзани со поддршка и промоција на еколошкиот превоз и здравите животни навики траат преку целата година со системски планирани активности.