Новости
Соопштенија
Успешно и десеттото издание на „Вози право, вози здраво"
08.06.2026
Центарот на Скопје во саботата беше обоен во боите на радоста, насмевките и позитивната енергија на илјадници луѓе кои заедно испратија моќна порака за здрав живот и грижа за животната средина.
Јубилејното десетто издание на настанот „Вози право, вози здраво“ во организација на Стопанска банка донесе рекордни 10.000 пријавени учесници и уште еднаш потврди дека станува збор за еден од нашите најомилените и најмасовните настани во земјата.
Во преполниот Градски парк, 10.000 учесници заедно со групата „Допамин“ го приредија најголемото караоке шоу досега, изведувајќи ја специјално напишана химна за ова јубилејно издание.
Илјадници гласови обединети во една песна создадоа единствен момент на кулминација на прекрасниот ден и претставуваше вистинска прослава на десетгодишната приказна на настанот.
За одличната атмосфера во текот на целиот настан се погрижија водителите Марко Марк и Дaниела Станоевска Џидрова заедно со актерот Гораст Цветковски, кои со својата енергија ги водеа илјадниците учесници низ програмата.
Лотаријата оваа година донесе најбогат награден фонд во историјата на „Вози право, вози здраво“, со награди вклучувајќи велосипеди, GoPro камери и Apple Watch часовници.
„Вози право, вози здраво“ стана симбол на заедничка грижа за поздрава животна средина, подобар квалитет на живот и развој на велосипедската култура во градот.
Со рекордни 10.000 учесници и атмосфера исполнета со радост, музика и заедништво, јубилејното издание испиша ново поглавје во својата приказна.