Новости
Соопштенија
Стопанска банка со донација за Медицински факултет
20.09.2024
Стопанска банка официјализираше донација на напредна технологија за Институтот за патологија на Медицинскиот факултет во Скопје.
Донирана е специјализирана опрема - скенер Morphlens6 за патохистолошки препарати кој користи вештачка интелигенција и напреден софтвер за анализа на примероци од сите клиники во земјата.
Оборудувањето ќе служи и за едукациски цели, профилирајќи го институтот меѓу идните студенти и специјализанти.
Скенерот овозможува анализа на маркерот HER2 неопходен при дијагностиката на карциноми на дојка и желудник, со зголемена прецизност и брзина.
Главната функција на дигиталната технологија е телепатологија - дигитална консултација на далечина со референтни центри, без потреба од физичко испраќање на примероци.
Банката дополнително ќе изгради модерна читална во Клиничкиот центар која слободно ќе можат да ја користат студентите и специјализантите.
Донацијата е дел од активностите по случај на 80-ти јубилеј на Банката.