Новости
Соопштенија
Стопанска банка обезбеди 3.000.000 денари финансиска помош за Турција и Сирија
15.02.2023
Стопанска банка АД – Скопје обезбеди 3.000.000 денари финансиска помош за поддршка на граѓаните во Турција и Сирија погодени од неодамнешниот разорен земјотрес.
Финансиската помош претставува хуманитарен чин на солидарност и ќе биде распределена до луѓето соочени со тешките последици од земјотресот, во соработка со Црвениот крст на Република Северна Македонија, надополнувајќи го значајниот одѕив од граѓаните и компаниите.
Стопанска банка АД – Скопје: „На ваша страна“