Новости
Соопштенија
Стопанска банка го зајакнува својот лидерски тим со нова позиција - трансформација и стратегија
12.02.2025
Стопанска банка со задоволство го објавува именувањето на г-а Евангелија Калуптси како член на Управниот одбор - Генерален директор за стратегија и трансформација (ГДСТ).
Станува збор за новоформирана позиција во Управниот одбор, кој, како што е најавено, годинава ќе се проширува со неколку нови улоги, согласно долгорочната стратегија на Банката.
Позицијата ГДСТ ќе ја надополни посветеноста на Стопанска банка да ја задржи својата лидерска позиција на пазарот, стремејќи се да биде Банка од избор за клиентите, обезбедувајќи долгорочна одржливост преку модернизација, автоматизација, зајакнување на работната сила, како и преку дигитална трансформација во секој аспект од работењето.
Со овој пристап ја позиционираме трансформацијата како континуирано патување за подобрување на одржливоста, поттикнување на иновациите, оптимизирање на процесите, подобрување на искуствата на клиентите и дополнително зајакнување на нашата позиција како финансиски партнер од доверба.
Управниот одбор со тоа во моментот го сочинуваат: Генерален извршен директор - Диомидис Николетопулос, Генерален директор за банкарство на мало - Милица Чапаровска - Јовановска, Генерален директор за управување со ризици - Бојан Стојаноски, Генерален директор за стратегија и трансформација - Евангелија Калуптси.
Позициите Генерален директор за оперативно работење, Генерален финансиски директор и Генерален директор за корпоративно банкарство се планираат да бидат воведени наскоро.