Новости
Финансиски извештаи
Резултати за првата половина од 2026 година
29.07.2026
Стопанска банка со добивка пред оданочување од 1,4 милијарди денари во првата половина од 2026 година и раст на кредитната поддршка за економијата
Стопанска банка во првите шест месеци од 2026 година оствари добивка пред оданочување од 1,4 милијарди денари, продолжувајќи да работи стабилно и профитабилно во услови на променливо и неизвесно глобално економско окружување. Истовремено, вкупната актива на Банката достигна 159 милијарди денари, Банката ја зголеми кредитната поддршка за граѓаните и компаниите, при што кредитното портфолио достигна над 114 милијарди денари, што претставува раст од 5 % во однос на крајот на 2025 година, додека депозитите пораснаа за 3 % споредено со крајот на 2025 година.
„И во период на зголемена економска неизвесност, растот на кредитите и депозитите е најдобар показател за довербата што клиентите ја имаат во Стопанска банка, која останува силен и сигурен партнер на македонската економија, со стабилни резултати, висока капитализираност и континуирана поддршка за клиентите.
Нашата капитална позиција и внимателното управување со ризиците не се само регулаторна обврска, туку најсилна гаранција за сигурноста на клиентите, одржливоста на бизнисот и стабилниот раст на Банката”, изјави Мирјана Трајановска, Генерален директор за финансии на Стопанска банка АД - Скопје.
Посебен белег на периодот е и целосното завршување на преселбата во новата управна зграда на Банката – првиот објект во земјата со LEED Gold сертификат, признание за највисоки стандарди во одржливоста и енергетската ефикасност.
Новата централа е симбол на долгорочната визија на Банката – модерна, одговорна и иновативна банка која инвестира во иднината.
Стопанска банка најавува дека и во наредниот период ќе продолжи со инвестиции во дигитални услуги, унапредување на корисничкото искуство и поддршка на економскиот развој, притоа одржувајќи високо ниво на ликвидност, капитална адекватност и внимателно управување со ризиците.