Новости
Соопштенија
Промена на статус на сметки
24.11.2023
Стопанска банка АД – Скопје врши јавно известување на потрошувачите, кои се корисници на платежни услуги, за можноста за промена на статусот на нивните платежни и депозитни сметки во неактивни сметки.
Потрошувачите може да извршат проверка на сметките кои може да добијат статус на неактивни сметки преку алатката за пребарување сметки објавена на веб-страницата на 24. 11. 2023 година со внес на еден од следните параметри: ЕМБГ, ID број во банката, број на сметка, број на орочен депозит. Алатката ќе биде активна во период од 1 месец, заклучно со 24. 12. 2023 година.
Доколку потрошувачите или лицата овластени за работење со сметките не извршат приливна или одливна платежна трансакција или остварат документирана комуникација во рок од еден месец, сметките ќе го променат својот статус и ќе бидат евидентирани како неактивни.
Промената на статусот на сметката нема да ја намали состојбата и нема да го оневозможи пристапот до средствата.
Доколку состојбата на паричните средства на платежната сметка во моментот на настанување на неактивниот статус е еднаква на нула, под услов платежната сметка да не е блокирана, ќе биде затворена.
Стопанска банка АД – Скопје, по истек на рокот и доколку сметките не се активирале, еднострано ќе ги раскине рамковните договори со потрошувачите доколку во непрекинат период од 24 месеци сите нивни платежни сметки се со состојба 0.
Стопанска банка АД – Скопје, по истекот на рокот од 2 месеца и доколку сметките не се активирале, еднострано ќе ги раскине рамковните договори со потрошувачите кои имаат платежни сметки со состојба 0.