Прескокни до содржина
Прогласени најдобрите банкарски службеници за 2024 година

Новости

Соопштенија

Прогласени најдобрите банкарски службеници за 2024 година

01.11.2024

На празникот Светски ден на штедењето, Македонската банкарска асоцијација организираше свеченост каде беа наградени најдобрите банкарски работници од членките на асоцијацијата.

Стопанска банка имаше три наградени вработени: Катерина Велиновски, раководител на служба за благајничко работење во филијалата Куманово; Катерина Митровска, советник за СБ ексклузив клиенти во филијалата Алуминка Скопје; и Павлина Симиџиоска Тодороска, советник за мали бизниси во филијалата Струга.

Банката изразува гордост што создава „генерации кадри кои учат, создаваат и напредуваат" додека обележува 80 години постоење во финансиската индустрија.

Честитките беа даденн на наградените заради нивниот „несебичен придонес кон професијата - банкар."