Прескокни до содржина
Прогласени најдобрите банкарски службеници за 2023

Новости

Соопштенија

Прогласени најдобрите банкарски службеници за 2023

31.10.2023

Денес се одбележува меѓународниот „Ден на штедење“ па соодветно, нашите филијали беа организирано посетени од групи ученици и деца од локалните градинки во насока на рана дискусија за вредноста на штедењето како здрава навика која треба да се негува во текот на целиот живот.

Им благодариме на сите колеги кои учествуваа во организацијата на посетите но и на децата за нивната љубопитност и интересни прашања.

Дополнително во текот на денот, следејќи ја веќе воспоставената традиција Македонската Банкарска Асоцијација (МБА) организираше свечен настан на кој беа прогласени најдобрите банкарски службеници за годината од сите членки на Асоцијацијата.

Ги истакнуваме нашите колеги кои ја носат титулата „Најдобри банкарски службеници“ за 2023 година: Душко Ристовски, Советник за мали бизниси, Филијала Тетово; Емилија Кебакоски, Советник за продажба, Филијала Битола Веро; и Елена Головодоска, Советник за СБ Ексклузив клиенти, Филијала ГТЦ.

Би сакале да им честитаме на колегите и веруваме дека ова е големо признание за нивниот професионален напредок и ќе биде поттик за понатамошни успеси и остварувања.

Продолжуваме да бидеме тим кој создава успешни банкарски професионалци, исполнети индивидуи и благодарение на сето тоа одличен колектив.