Новости
Соопштенија
Прогласени националните прваци во Microsoft Office и Adobe Professional
23.06.2023
Ги добивме националните претставници кои ќе се натпреваруваат на светските Microsoft Office Specialist и на Adobe Certified Professional натпревари во јули во САД.
Успешната приказна која ни носи национални MOS и ACP шампиони, продолжува седма година по ред. Денес, во просториите на Семос едукација, во организација на Certiadria, се одржа големото финале од проектот за унапредување на дигиталната писменост на младите од 13 до 22 години. Ги добивме националните шампиони кои ќе ја претставуваат Република Северна Македонија на светските натпревари во Орландо, Флорида, САД:
Леонид Петковски од Куманово е Microsoft Office Specialist. Дамјан Димовски од Гимназијата "Јосип Броз - Тито" од Скопје е Adobe Certified Professional шампион.
Ова е најмасовен натпревар во светот со повеќе од 1 милион положени испити годишно, кој се организира во повеќе од 100 земји во светот. Сите учесници кои успешно ги положија испистите се стекнаа со глобално признаени Microsoft и Adobe сертификати.
Нашиот Стефан Пепоски, Директор на Сектор за картични производи и директно банкарство при прогласувањето на националните шампиони изјави дека Стопанска банка поддржува младе кои инвестираат во едукација и дека врати на банката се отворени за вработување на такви кандидати.
Честитки на организаторите, Семос Едукација, Certiadria и поддршката која Град Скопје и Град Куманово ја обезбедува за што е можно поголем број ученици да имаат прилика да учествуваат во натпреварувањето кое продолжува веќе од следниот месец за циклусот национални MOS/ACA натпревари 2023/24.
Пријавувањето се врши на www.mosnatprevar.mk и www.acanatprevar.mk/#natprevar