Прескокни до содржина
Подготвеност за SEPA плаќања

Новости

Соопштенија

Подготвеност за SEPA плаќања

07.10.2025

Со приклучување на Република Северна Македонија кон СЕПА шемата, влеговме во нова ера на банкарските трансакции.

Стопанска банка, како банка која секогаш е посветена на клиентите, од 07.10.2025 година овозможува вршење на СЕПА кредитни трансфери за физички и правни лица, кои може да се реализираат во филијалите на Банката или преку е-банкинг апликацијата.

Главни каратеристики на СЕПА кредитните трансфери се:

Извршување исклучиво во валута евра, кон земји членки на СЕПА шемата и кон банки кои се регистрирани за СЕПА кредитни трансфери.

Клиентот сам одбира дали плаќањето ќе се изврши како СЕПА кредитен трансфер или СВИФТ кредитен трансфер

СЕПА кредитни трансфери се вршат ислучиво со трошок SHA (поделени трошоци)

Пониски надоместоци во споредба со стандардните кредитни трансфери во странство

За СЕПА кредитните трансфери важи истата регулатива од доменот на девизното работење како и за стандардните кредитни трансфери во странство