Новости
Соопштенија
Отворена регистрација за "Вози право, вози здраво" vol. 7
18.05.2023
Со задоволство го најавуваме седмото издание на Вози право, вози здраво нашиот најголем и најдраг општествено одговорен настан со кој промовираме велосипедизам како форма на урбан транспорт и директно влијаеме на подигнување на јавната свест за предностите кои замената на автомобилите во секојдневниот транспорт ги има за животната средина.
Накратко, во недела на 28.05 го ослободуваме центарот на Градот од сообраќајниот метеж и правиме вистински метеж од над 8.000 учесници секој на свој вид тркала: велосипеди, трицикли, тротинети, ролерки, скироли а добредојдени се и колички за бебе.
Стартот е од Порта Македонија во 11 часот а целта е во Градскиот парк каде не очекува дополнително освежување, забава и вредна лотарија.
Регистрацијата е отворена на веб страницата и можете да се пријавите за учество најдоцна до 27 мај.
Веќе од 22 мај да си ги подигнете редните броеви. Оваа година, локација за подигнување на редните броеви е Стопанска лизинг, на улица Македонија веднаш до спомен куќата на Мајка Тереза.
Следете ги нашите профили на социјалните мрежи Instagram и Facebook и дознајте повеќе околу активностите поврзани со #ВозиПравоВозиЗдраво.
ВАЖНА ИНФОРМАЦИЈА: поради временските услови настанот од првично закажаниот термин во 17 часот е поместен и ќе започне во 11 часот.