Прескокни до содржина
Отворена регистрација за 10тото издание на „Вози право, вози здраво"

Новости

Соопштенија

Отворена регистрација за 10тото издание на „Вози право, вози здраво"

18.05.2026

Почитувани сограѓани,

Отворена е регистрацијата за 10тото јубилејно издание на нашата и ваша омилена ревијална трка „Вози право, вози здраво“ во организација на Стопанска банка.

Настанот и кампањата и понатаму имаат цел да го промовираат урбаниот велосипедизам како начин за подобрување на животната средина, поздрав начин на живот и намален градски сообраќаен метеж.

Регистрацијата ќе биде затворена со 10.000 учесници а подигнувањето на редните броеви ќе се одвива со следната динамика:

од 26 до 28 мај и од 1 до 5 јуни од 10 до 18 часот пред новата управна зграда на Стопанска банка на ул. Мирче Ацев бр. 3.

Повеќе за настанот, кампањата и донациите кои произлегуваат од „Вози право, вози здраво“ можете да дознаете на нашата веб страница.