Новости
Соопштенија
Отворена новата централна филијала „Гранд"
26.05.2026
Во нов, современ простор во срцето на Скопје, Банката ја отвори својата нова централна филијала, сместена во новата управна зграда. Станува збор за простор создаден да им понуди поудобно и помодерно банкарско искуство на клиентите. Како Банка со најдолга традиција во Македонија, со овој нов објект отвораме ново поглавје во своето работење, комбинирајќи современ дизајн, функционалност и финансиски услуги прилагодени на денешните потреби на клиентите.
Централната филијала „Гранд“ е лоцирана на ул. „Филип Втори Македонски“ бр. 6 во „Гранд бизнис центар“ и таа ќе ја замени досегашната главна филијала во Градскиот трговски центар (ГТЦ). Филијалата „Гранд“ е дизајнирана како современ, отворен и внимателно осмислен простор, во кој модерната естетика, функционалноста и удобноста се спојуваат во едно соремено банкарско искуство.
Просторот е организиран така што овозможува персонализирано искуство за секој клиент, почнувајќи од посебни канцеларии за состаноци со деловните клиенти, до отворени и непосредни позиции за финансиски консултации и продажба со физички лица. Во филијалата се сместени благајни, како и внатрешен ATM простор. Дополнително, веднаш до филијалата е поставена и нова 24/7 ATM зона со три cash-in банкомати.
Во новата корпоративна зграда е сместена и СТБ Брокер, специјализирана за брокерски и финансиски услуги, која располага со сопствен, засебен влез и модерни работни простории.
Филијалата е официјално отворена на 26 мај и ќе работи со работно време од понеделник до петок од 8:30 до 16 часот.