Прескокни до содржина
Оглас за вработување - Дилер на финансиски пазари

Новости

Соопштенија

Оглас за вработување - Дилер на финансиски пазари

04.07.2023

Со цел проширување на својот тим, Стопанска Банка АД Скопје објавува оглас за следната работна позиција Дилер на финансиски пазари, Сектор за средства и ликвидност.

Работното место опфаќа: Купопродажба на странски платежни средства на девизниот пазар; Одржување и унапредување на односите и соработката со клиентите и филијалите на СБ; Тргување на пазарот на пари (депозити); Тргување со хартии од вредност (Државни записи и обврзници); Тргување со ефективни парични средства; Формирање на курсните листи за СБ; Подготвување на интерни и екстерни извештаи и организирање на база на податоци.

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните квалификации: ВСП - Економски факултет / Бизнис администрација; Најмалку 3 години релевантно работно искуство во финансиска институција ќе се сметаат како предност; Одлично познавање на англиски јазик; Одлично познавање на Microsoft Office.

Лични карактеристики: Динамична личност со способност за преземање иницијативи; Способност за работа под притисок, справување со стрес и извршување повеќе работи истовремено; Одлични организациски и комуникациски вештини; Прецизност, точност и аналитичен пристап; Висок личен интегритет, деловен и професионален однос.

Вработувањето е на определено време со можност по истекот да премине во вработување на неопределено време. Работното време е 8 часа дневно од понеделник до петок, од 8ч-9ч до 16ч-17ч во седиштето на Банката, улица 11 Октомври бр.7, Скопје.

Апликациите се прифаќаат преку веб-страницата на Банката на www.stb.com.mk/kariera-vo-sb/, најдоцна до 11. 7. 2023 година.