Прескокни до содржина
Оглас за продажба на преземен имот

Новости

Соопштенија

Оглас за продажба на преземен имот

04.05.2026

Стопанска Банка АД – Скопје ќе изврши продажба на следниот имот:

1. 2(две) куќи во Гостивар во заеднички двор со површина од 196м2, односно од 139 m² на ул. „Васил Василевски“ бр. 9 за минимална/почетна цена за 208.000 ЕUR,

2. Производни хали во Битола (поранешна текстилна фабрика „Родон“) Индустриски пат КО Битола, и тоа: 2а) Згради бр: 5, 7, 8, 12, 13, 15, 16, 17, 20, 24, сите во вкупна површина од 3696 m² согласно Имотен лист бр. 50759 и бр.70776 за минимална/почетна цена од 253.000 ЕUR; 2б) Зграда 6 со површина од 5.052 m² согласно ИЛ бр. 50759 за минимална/почетна цена од 677.000 ЕUR.

Земјиштето под и околу објект е на РСМ. Напомена: Предност при купување ќе има понудувачот кој ќе достави понуда за имотот под 2а и 2б како пакет.

3. 2 (две) деловни простории во Битола на ул. „Јадранска“ со вкупна површина од 68 m² (ПР) за минимална/почетна цена од 32.500 ЕUR,

4. Фарма во с. Тркање, Кочани запишана во ИЛ 1157 за КО Тркање со вкупна површина од 595 m² со земјиште од 2.783 m² за минимална/почетна цена од 36.000 ЕUR,

5. 2(две) куќи во Битола на ул. „Кленоец“ бр. 67, запишани во ИЛ 12300 за КО Битола 3, со површина од 88 m² (ПР+01), односно 28 m² (ПР) за вкупна минимална/почетна цена од 16.900 ЕUR,

6. Спрат од куќа (приземје) во населба Шуто Оризари со површина од 87 m² на ул. „Јури Розентал“ бр. 4А за минимална/почетна цена од 21.900 ЕUR.

Продажбата на имотот се врши по принципот видено-купено, без дополнителни приговори за какви било физички или правни недостатоци на имотот.

Во цената на имотите под точка 2, 3 и 4 не е вклучен ДДВ од 18 % и тој го плаќа купувачот.

Данокот на промет на недвижност, како и трошоците околу преносот на правото на сопственост ги плаќа купувачот.

Недвижниот имот се продава во готово или на кредит.

Рокот за доставување на Понудите е до 08.05.2026 година.