Новости
Соопштенија
ОГЛАС (реф бр.5-11/2025) за продажба на превземен имот на Стопанска банка
19.11.2025
Стопанска банка АД Скопје објавува огласот за продажба на превземен имот со референтен број 5-11/2025.
Банката нуди вкупно 10 недвижни имота лоцирани во различни делови на Северна Македонија, вклучително деловни простории, станови и куќи во Битола, Скопје, Богданци, Кичево и Струга.
Минималните/почетните цени варираат од 2.000 евра за нивите до 88.000 евра за куќата во Скопје со придружно земјиште.
Продажбата се врши на принцип видено-купено без допонителни приговори. Заинтересираните купувачи мора да достават два затворени плика со понуда и да уплатат депозит во износ од 2% до 20% од минималната цена, во зависност од вредноста на имотот.
Депозитот се плаќа на жиро-сметка 200000000099029 со назнака "депозит за учество на лицитација".
За имотите под точка 1, 7, 9 и 10 не е вклучен ДДВ од 18%, кој го плаќа купувачот. Данокот на промет на недвижност и трошоците за пренос на право на сопственост исто така ги плаќа купувачот.
Роком за доставување на понудите е 24 ноември 2025 година.
За дополнителни информации, заинтересираните лица може да се обратат на телефониските броеви 02/3295-487, 02/3295-283 или 02/3295-391.