Новости
Соопштенија
Одобрени 16 грантови за #СонувамеМенуваме vol. 7
04.12.2025
На повикот за грантови од #СонувамеМенуваме бр. 7 до Банката пристигнаа 28 пријави на проекти и планирани активности од 28 асоцијации и здруженија.
Комисијата на Банката ги разгледа сите проекти и со годишниот буџет од 30.000евра ќе ги финансира следните 16 проекти.
Им благодариме на сите здруженија и асоцијации кои испратија барања и одговорија на повикот. Не радува фактот што со овогодинешниот буџет достигнуваме 150.000евра донирани во проекти кои значително го подобруваат секојдневието на лицата со попреченост.
Конкретните проекти опфаќаат повеќе лица, овозможуваат континуирана работа со нив преку нови едукативни, инклузивни или физиотерапевтски методи или, пак, овозможуваат нивна поголема слобода при движењето и извршувањето на секојдневните активности.
„Сонуваме. Менуваме" продолжува да биде платформа преку која Банката промовира инклузија на лицата со попреченост во општеството преку кампања, инклузивни музичко театарски претстави и донации.