Прескокни до содржина
Одбележана 80-годишнината на Стопанска банка - темелот на домашната економија

Новости

Соопштенија

Одбележана 80-годишнината на Стопанска банка - темелот на домашната економија

03.10.2024

Банката со најдолга традиција во земјава, Стопанска банка АД - Скопје, го прослави 80-годишниот јубилеј со уникатен гала концерт на виртуозот на пијано, Симон Трпчески, одржан во Филхармонијата.

На централната прослава, со присуство на професорот Гикас Хардувелис, претседател на одборот на директори на НБГ и други сениор директори на Групацијата НБГ, Банката потсети на успешната приказна што ја испишува веќе осум децении.

Специјално за оваа свечена прослава, маестро Симон Трпчески и неговите пријатели изведоа маестрален концерт со транскрипција на традиционалната музика од регионот, на композиторот Панде Шахов.

Првото поглавје од успешната приказна на Стопанска банка датира од 1944 година, период на значајни глобални промени и предизвици, кога Банката храбро ги отвори вратите и се обврза на одговорност и поддршка на локалната заедница.

Оттогаш, Стопанска банка е најголемиот поддржувач на домашната економија, финансирајќи ги најголемите инфраструктурни проекти и индустриски капацитети, како и овозможувајќи и просперитет на локалните мали бизниси и домаќинства.

Постојаниот раст и големата успешност во текот на годините ѝ овозможија на Стопанска банка да стане дел од НБГ, една од најголемите групации за финансиски услуги во Југоисточна Европа, од 2000 година.

Значаен столб на стратегијата на Банката е нејзиниот посветен придонес кон заедницата, спонзорирајќи општествено одговорни проекти за поддршка на културата, уметноста, спортот, образованието и здравството веќе 80 години.