Прескокни до содржина
Објавени финансиските резултати за првата половина на годината

Новости

Соопштенија

Објавени финансиските резултати за првата половина на годината

28.07.2023

Стопанска банка АД - Скопје ги објави финансиските извештаи за првата половина од 2023 година со солидни резултати во сите аспекти на работењето.

Приходите од основната дејност се зголемени за 25% во однос на истиот период во 2022 година, резултат на порастот на нето каматните приходи водени од органскиот пораст на кредитното портфолио од 3%.

Оперативните трошоци останаа на ниско ниво и покрај растот на инфлацијата, со „Cost/Income индикатор од 31%, на најниско ниво на пазарот“.

Банката продолжи да генерира капитал преку силна профитабилност. Со последната капитализација од 25 милиони евра, регулаторниот капитал порасна за 9% а адекватноста на капиталот достигна 17,29%.

Профитот пред одданочување изнесува 1.67 милјарди денари и е поголем за 2% во однос на первата половина од 2022 година.

Главни предизвици се дигитализацијата и автоматизацијата на процесите, управување со ризици и иновација на банкарската понуда. Банката неодамна воведе Google Wallet апликација за плаќање преку мобилен уред.

Банката задржува лидерско место со 27% учество во сегментот население и над 16% во сегментот компании.